како мали се собиравме сите деца од маалото и се чудевме од кој двор да почнеме ,од каде цреши,од каде јаболчи,од каде кајсии,од каде праски,и се ни беше организирано и како мала имам украдено тефтерче со касандра многу ми се засвига но немав пари да си го купам
Како мала се сеќавам уште пред школска возраст од кај едно девојче на гости сум зела коцки за играње кога ги виде мајками во џеб испикани, ме караше дека не смеам да земам туѓи работи. И никогаш не сум украла ништо, моите така ме научија поштено плати си па земи си
да 100 денари од комшиката знаев кај ги крие како мал но за да си купам кесе за нова година си купив наредниот ден и дома пријавив дека ми се паднало на лотарија но веке знаеја од каде сум ги украл ништо како мал за мене моите не сторија за да имам поубаво детство што све сега искочува на виделина минатото ја креира иднината ..... факт ..но фала му на бога сум крадел и други ситници како помал што сега нема шанси тоа искуство ми покажа и све ми се врати како бумеранг во определено време све ми стана јасно сило се покајав и еве едно 10 години живеам најфер и поштено што можам повеке
Ситни денарчиња од џебовите на дедо ми за сладолед да си купам. Кајсии, цреши, јаболка(посебно од оние зелените), мастики од продавница, чоколатца со кокос, со другарка ми и тоа во маркетот ги јадевме. Spoiler баш сум била поштена ко мала. м?
(КРАДЕЊЕ МАСТИКА)Еднаш како мала кога со мајками чекавме ред на каса да платиме јас ги видов омилените мастики распакувани кои што се продаваа по една и будалче си зедов ,скришно, и си ја лапнав и кога ме видоа мајками и продавачката дека џвакам ми рекоа ,да не зеде некоја мастика ти?, а јас: па посее реков в џеп си ја најдов после не ми текна мастика да крадам. (КРАДЕЊЕ ОВОШКИ)Со банда другарки во близина на нашето маало отидовме во еден овоштарник па таму што се немаше (кајсии,сливи,виши,јаболка,ореви...)се испикавме низ жиците кои служеа како ограда (од кои сите настрадавме ) и ЈУРИШ земај,земај,земај џебовите полни со се и сешто устата полна со киселки вишни ух ух!Арно ама другиот пат кога отидовме на фатија па после не ни текна така да крадеме ама ај по некоја кајсија чат пат. друго си имам земено стегаче од продавница али после си рекв зошто го зедов... ама ете мало будало сега пак знам дека на треба да се краде и точка,сега не можам ни шоличка да земам зашто си имам и крадено ништо НЕ МИ ТРЕБА! П.С:како мали крадењето сливи од кај комшијата ни беше послатко тколку сливите бидеќи тој секогаш беше на прозор (ради сливите)и секогаш ќе ни излезеше да ни вика,ништо не беше поинтересно од тоа Spoiler мисииве неуспешни
10 денари во 1во одделение, беа паднати под нечие столче и јас си ги собрав. Па после кога кажав дома убаво ме искараа и оттогаш не ми текна да правам такво нешто.
Не, не сум украла ништо а тоа е затоа шѕо моит уште од мали нозе не учеа дека чесноста е нај гплемо богатство, и дека земањето на нешто што не ти припага е ајголем грев. Можеби в детствоѕо не сум имала многу работи но ниту за миг не сим помислила дека треба да земам нешто што не ми припага. Па дури не сум се осмелувала ниту да позајмам. Се секавам во средно другарките си позајмуваа облека обувки.... а јас никогаш, бидејки мајками ми велеше дека тоа е китење со туги перја, дури сега свати дека била во раво. Исто така ни елеше немојте да дозволите некој да е сака затоа што имате скапа облека туку натерајте ги да ве сакааат поради тоа што го имате во глава. Значи за мене нема нешто пониско што може да го напраави човек од тоа да украде нешто, колку и да е таа кражба ситна.
Бидејќи си имам доста добри комшии, кога бевме деца со другарките не моравме да крадеме, луѓето сами ни даваа и цреши и кајсии Од кај некој дома, никогаш не ми паднало на памет да земам нешто, тоа ми е толку многу одвратно, ама еднаш во една поголема продавница си видов едни ракавичкииии преубавиии . И што да правам немав пари, едно време ми текна да си ги земам да ги сокријам да не ги плаќам и така и направив. Капутот во рака го носев и ги ставив под капутот и фино лепо си искочив. Срамота. И си ветив никогаш веќе нема да ми се повтори никогаш !
Во осмо бев благајник,ги собирав парите од "Наш Свет".И така цело полугодие ги собирав парите,и кога ми требаше за нешто пари си земав од таму,и на крај кога дојде ред да ги предадам парите на професорката јас имав 1000 ден,а требаше да имам 3000,и потоа им кажав на моите родители и ми помогнаа...После тоа не ми текна уште еднаш таква работа да направам.Која будала сум ееј..
Понекогаш крадевме лешници со децата од мојата улица од кај еден лош дедо,и често знаеше да фрла по нас со стапот на кој се потпираше,ни го фрлаше во нозе,ама ај нека не стигни,ко стрели бегавме само тоа ми била кражба,сега кога сум голема,не сум се осмелила ништо туѓо да земам,се водам со правилото туѓо не земам,мое не давам
И јас така во трето одделение. Прво ако ми затреба нешто си земав од таму пари, а дома реков дека сум ги изгубила па после мама и тато ми додадоа , па после почнав грепки да си купувам И тоа ако ми се паднеше нешто за мене си го зимав па после ми беше срам пак да им побарам на мама и тато и од моите пари ,од родендени и Нови години што сум ги собирала, си дадов наредната година одбив да бидам благајник... А такви ситни кражби кајсии, сливи, јаболка, мастики ехеее. Ама за таквите си имав слуга Испаѓавме повеќе девојчиња на улица ама имавме една другарка онака ептен wild child беше и секогаш она крадеше, а после тоа си ги делевме работите. Е веќе кога потпораснавме малку (1во - 2ро одд) почнавме пошта да крадеме И на пример ако имаше нешто политички материјали, или од општината ова направивме тоа направивме, ќе соберевме од сите згради купишта, и најдобриот дел- ќе седневме на една клупа и им ги ПРОДАВАВМЕ на луѓето што минеа и замислете имаше луѓе што купуваа така да ни се исплатеше бизнисот И тоа е отприлика моето „криминално минато“ Вака кога ќе се сетам што сме правеле си викам кај ми бил паметот, ама па и забавно ми било сега спомени ќе си имам