Со другарка ми сме краделе сливи, си се качвавме на дрво, ко ќе не беа дома тие луѓето, а обично не беа и кини- јади и плус свиткај неколку за дома ... xD Исто така и книга ... о.О
Во прво одделение, бонбони во вид на белегзија. Се чувствував крајно виновно и никогаш повеќе не ми се повтори. Битно беше да се осети предизвикот.
Имам украдено некои ситни работи како лак за нокти, некоја белегзија, мастики од продавница(кога купуваа мама и тато пакети со сокови ја внатре пикав пакетчиња со мастики ) Ама после тоа секогаш ми било неубаво, се чувствував виновна
па мислам дека јаболка и други овошки имам "земено'' од кај некој комшија, а од продавница-скраја да е немам ништо украдено.
Се сеќавам дека како мали постојано си игравме со братучедките со барбики, и ги соблекувавме и облекувавме до бескрај... И имаше едни розеви хеланки таа нивна барбика а јас толку многу ги сакав за мојата... и еднаш ги зедов, ма ептен беше голем меракот... И ден-денес кога ќе се сетам на тоа што го направив како да ме подгризнува совеста....
Колку што ме држи паметов не, а кога сум била мала не се сеќавам дека нешто такво сум направила. Барем не ми кажала мајка ми.
Намерно не, ама пред некој ден во Тинекс случајно украдов тоалетна хартија, бидејќи си ја држев во рака наместо да ја ставам во корпа, си извадив се што имаше од корпата и си излегов со хартијата во рака. Мајка ми да не ме прашаше, немаше ни да се свестам што сум направила.
Сум украла заборавено лењирче и моливче и тоа од тие „Не ми досадувај“ типот. Не е нешто многу. А, може да се каже дека украдов 80 денари во една година.. Ги најдов на пат. Еднаш 30 друг пат 50 и така.
Имам украдено мали работи од продавница, како што се мастики, чоколадца, пенкала.. Повеќето пати имам учествувано во кражба, само што јас немав муда да крадам па другарка ми крадеше. Тој цен ден крадевме нешто, имавме украдено: 2 лампиони (големи) 8 пенкала 2 портокали 4 чоколадца (мали) ..ама тоа пред неколку години беше, оправдано е. Ова лето ни се јадеше бони-топ (или не знам како се вика тоа) а имавме само 30 денари вкупно а ни требаа 4, па едно украдовме а 3 си ги плативме. Исто така другарка ми оваа лето стално си крадеше од оние малите чоколадни јајца, во разни бои што се. Секогаш си земаше по 5-6 и си ги делевме. А да крадам го големи маркети, книжари, парфимерии и слично. Еднаш бевме излезени 3 девојчиња и една од нас од една парфимерија си ставила во џеб 2 лабела па секако ја фатија а ние и бевме нешто како соученици според продавачките па си седевме таму 1 час, на крај таа си плати 10 пати поскапо а на камерите се гледашше јасно дека само таа крадела а ние поима си немавме искрено. Срамота...
Не,колку што ме служи меморијата. Јаболка,сливи и такви работи имам чапнато од по некој комшија в село,а од продавница не.