Јаболка од продавница, пакетчиња со сличиња за албуми колку иам крадено.Со братучед ми банди правевме, за на крај пак да не ни се падне сличето што го баравме И даа, иам украдено балон.Ме гризе совеста за ова второво, али прво бев, и ајт по умот на братучед ми .
Не и никогаш нема тоа да се случи. Колку што имам толку, доволно е. Подобро да ми фали нешто и да го немам, а не да го крадам за да го имам. Ми се гади од самата помисла. Ухххх одвратно. Имав другарка која не беше жива ако не ни украдеше нешто од на училиште. Што е најтрагично мислеше дека никој не знае за тоа. Мене ми ги украде парите што требаше да ги платам за екскурзија и си плаќав 2 пати. Одамна беше тоа, основно училиште. Парите ми ги дадоа од дома и ми рекоа стависи ги најубаво во некоја книга помеѓу страниците и само ти ке знеш кај се и кога ке дојде класната ке и ги дадеш. Како ми ги сети парите јас не знам, да се чуди човек. Како ги виде и како ги зеде уште се чудам. Кога ги побарав јас, цела ташна наопаку, листај ако немаш друга работа. Тоа ми беше памет за друг пат, пари во книга НЕ.
Мхм. Цреши!. Хаха.. Пред година-две отидовме после школо кај една школска, дојдоа и некои машки од класот, зедовме кеса, и оп, кај соседот. . Си беревме колку што успеавме, па кога ни излезе соседот, сите шпринт, во двор. Ох, кога ќе ми текне, голтнав неколку семки тој ден.. Прва и последна кражба ми беше тоа. Инаку, за нешто сериозно, да крадам? Не..
Да, кога бев мала, некаде околу 3-4 одделение. Со некои другарки по продавници крадевме разни ситници.... и после тоа не можев да спијам со денови се додека не и се доверив на мајка ми и спиеше со мене 1 месец за да се вратам во колосек... а не беше нешто многу сериозно! Неубаво се чувствував....
Како мала сум карадела многу работи,се секавам дека еднаш бев кај братучетка ми и многу ми се допаѓаше една нејзина алка и си ја зедов Си ја ставив во џеб и си заминав дома