И јас јаболчиња, и слични работи од кај комшиите, порано како помалечка..но тие знаеа за тоа, понекогаш и пред нив си кинев, па така да не го сметам за крадење.
Ееее нема кој не украл мастика или овошје.Така да и јас спаѓам во овие маалски крадци Кога ќе се сетам порано кој ќе изгубеше на жмурка ќе крадеше нешто за победникот....ееее времиња...
Цвеќиња и овошје, гуми, моливи, режала, 1,2,5 денари и така ситници оправдание КОЈ СИ НАЈДЕ(читај:земе) НЕГОВО СИ Е!
Ааааа, па вие сте биле ситни крадци Ова јас вашево не го рачунам за крадење Да видите јас кога бев мала - одевме јас и моите неколку лета по ред во Грција, на исто место,во иста куќа таму...И, во близина на куќата имаше продавница за бела техника и апарати за домаќинство Една вечер, моите таму разгледуваа, знам дека сакаа да купат фрижидерче за по пат и додека они разгледуваа, јас успеав од продавницата да изнесам професионален фен за коса,спакуван во огромна кутија и внатре комплет со четки за фенирање(професионални)..Истиот чинеше преку 100 евра, се сеќавам...Тогаш во драхми плаќавме таму, ама во евра толку изнесуваше тоа И ги чекав моите во еден ќош на уличката отспротива..Кога ја видоа кутијата,дамла ги удри, ама не смеевме да го враќаме, зашто продавачот беше како горила еден масивен Се плашевме да не не истепааат, хаххааааааааа....А, истиот тој одмор, од најблиската колонијал продавничка, успеав да изнесам цел пакет со 8 флаши, минерална вода..Ееее и ова кога го видоа моите, ми рекоа дека демек ако фателе некој во Грција да краде, во полиција раката му ја сечеле, хахааааааа...Се исплашив и од тогаш не крадев таму...А, ова за цвеќиња,овошје,мастики - сум се утепувала од крадење како дете, тука во маало
Хахахахахаха леле ме изнасмеа Алал да ти е како ти текнало да украдеш цел фризерски салон скоро Јас сум скромна, највеќе имам тефтер украдено и тоа заедно со другарка, не оперирав сама
^^^UNNA Ама све се враќа во животот, хааааааааа Јас го украдов тоа, ама косата да ми ја видиш(афро, долга плус густа ), ниту еден фен не може да ми ја исправи, нит на фризер успеваат да ми ја исправат потполно косата, дури и по 3 саати фенирање Мајка ми стално ме зеза, вика ова ти е казна што го украде фенот како дете
хаххааххаа леле беше пред три четри години и со другарките бевме у шопинг хаха и ја зимам едно фустанче и идам у гардероба да го пробам и како шо беше закачено на закачалка глееам две исти да ти биле закачени хаххаха и го пробувам ми се свига а немав доволно пари у мене и и викам на една другарка да дое и да види како ми стои фустанчето и онааа ееееее мн убаво таман и ја ок.незнам како ми текна да си го пикнам едното у ташна а другото си го вратив поштеноо и си излегов хахахахаха другарките коа видоа дека сум го земала им идеше да ме обесат
Продавницава тука во секој час ќе снемеше сокови од нас. Како помала сокови крадевме, кока-кола 2 литри Деца. Еднаш дури и банани... А еднаш и пиперки!
Баш сега си работам , пишувам и несвесно им ги собрав запалките на девијкиве Абе ме угушија , нели има забрана за пушење ... ќе пропушам и јас Гледам се смеат и не капирам касно палам
Ау партали ги правев продавниците како помала Се крадев... Орбит, бонбончиња, гумени бонбончиња, чоколатца... И тоа се наредени околу појасот како фишеци. Додека не се наредев така цела не излегував од продавницата... Едно нешто да украдев и да си отидев немаше шанси - не бев задоволна со толку. И така цело едно лето тоа се случуваше (кога бев 3то или 4то не се сеќавам баш) се додека не не фатија и не кажаа на родителите Живи срамови Важно цело лето имавме што да грицкаме
Зар само јас немам ништо вакво крадено?? јас како мала воопшто не си играв по улиците како другите и затоа немав ваква навика.Играв само со неколку девојчиња по дома со барбики,но никогаш не сум сакала да украдам нешто,секогаш се плашев да крадам Само еднаш во животот имам украдено и тоа ТОПЧЕ од ВЕРО од оние малечките што ги има во игротеките
од комшиите вишни, кајсии, цреши, сливи, ... што ли не!? сите деца ко ќе се соберевме дрвата остануваа без ниеден плод сите деца во дворовите имавме кајсии и цреши ама ајде де, мерак ни било од другите да пробаме, кога ќе ги оберевме тие, после нашите ... одамна кога се враќав од школо бев со 2-3 другарки и 2-3 другари видовме една многу убава цреша во еден двор .. кога си влеговме, дури и за дома си набравме да јадеме деца ....
Во продавница, нешто ситнурии, што ми затребало а не сум имала пари да го купам! Иначе сум крадела и облека....хехе.....ама во овој случај не ради тоа што сум немала, чисто ради адреналин!..........сега не се ни замарам со тие работи, свртив нова страница....
Прееска си лежам на кревет и се сетив една мала ламба-играчка. Таа како мала и ја украдов на една братучеда. Она мене сите сјајчиња и лабела ми ги украде па морав и јас да си "позајмам" нешто нејзино.
Ливче од детска пошта на една другарка ... Како мала дојде девојчето кај мене да се мењаме со детска пошта и не сакаше да се смени со мене за едно ливче ( а мене многу ми се свиѓаше ливчето, беше од оние ретките ливчиња што скоро никој ги нема) и и го украдов
Како мала да, по дворови, детски пошти, салфети кога собиравме, еднаш и куче ке крадевме од еден двор дечинаа Инаку само несвесно нешто да приберам што е мое, ретко се случува