ништо освен мастиките на брат ми никогаш не ми фалело нешто за да крадам,ако сакам нешто ми даваат пари да си купам
Имам како помала прстен украдено од една тезга на некој панаѓур. Не дека немав пари ама ете дете.. Ама после ми беше толку грдо и страв да не ме видел некој, се вратив назад и го вратив реков дека сум го земала по грешка.
hahahhahah да имам украдено сладолед како помала(9-10г.) зошто ги гледав поголемите како крадат сникерс марс сладоледи а јас кутрата зедов од 10 ден а во џеб носев триесетина денари колку сум била глупава и едно девојче и кажа на мајка ми и таа ме натера да отидам и да го платам сладоледот и кога отидов да платам целата ваква тетке јас да го платам сладоледот што го зедов без прашање...БРУКИ а имам крадено овошки од туѓите дворови иако кај нас во двор имало се и сешто сите велат ТУЃОТО Е ПОСЛАТКО!!!
Гума за бришење ХАХАХАХАХАХААХАХА од мала продавница .... И можеби едно ланче кога бев во Грција од продавничките ама ништо посебно не ми се даваа 10 еур за глупости бижутерија итн... Простете
^ исто кајсии зелени , и сливи .. ги оскубувавме сите дрва како мали сеуште се сеќавам од прозор кога не бркаа комшиите иначе од продавница никогаш ништо немам украдено
Требаше да купам шампон и го земав шампонот од полица и на касите имаше многу гужва ме мрзеше да чекам и си излегов со шампонот
Да, ако се смета овошки од кај комшиите.И никогаш не сум можела да сватам како некој може да краде од тие трошни маалски продавнички или тезги.И тоа што си дете не е оправдување за кражбата.
Колку што можам да се сетам како мала го правев тоа.. ООООууу да. Кога најчесто одев на гости кај роднини и моите братучедки кои беа поголеми од мене ми покажуваа работи кои јас ги немав, шноли, парфемчиња, лабела, кармини. И дете ко дете ќе посакав да ми ги дадат ќе плачев а тие себчно не и не. И понекогаш знаев да си го земам во џепче тоа што ќе ми се допаднело. Кога ќе видеше дома мајка ми ме караше ама што дека од кога сум го направила тоа. А сега секогаш кога ќе имам некоја мала гостинка и и ги покажувам мои работи знам да и подарам нешто што и се допаѓа. Па што не ќе се осиромашам за еден лак, шнола, лабело. Со тоа правам девојчето да е посреќно а со тоа и јас се чуствувам исполнето.
Како помала мастики,пенкала,кондоми(тогаш ги украдов за да видам што е тоа бидејќки кога ќе прашав никој не ми кажуваше, па јас сама да си проверам) И секако цреши,сливи,јаболки,ребизли
Да. Еднаш на пазар мајка ми гледаше нешто а јас на другата тезга јаготки видов и зедов една без да приметам дека ме гледа човекот си ја изедов и кога дигнав глава човекот вака ме гледа а јас ваква . И си застанав до мајка ми.
Јас во основно секој период пред нова година кога китеа елки си дрпнував лампиони Некој ако ми е поубав си го земав за мене,а и ги предекорирав елките во училните,од на една лампионите,на друга ги ставав итн Ако ги носеле првачињата не ги чепкав,ама за професорите не ме болеше онаквата доле
Да една шнолка од брачедами,ама ко ме дозна мајка ми,ме натера да ја вратам и да се извинам И одтогаш не ми текнало да земам нешо туѓо
Паа, на баба ми и мајка ми кармините и после кај мене во соба скришно си се шминкав и се криев да не ме видат тато и мама
Онака од другарка нешто да украдам не ми се случило. Но од маркет, да. Кога имав некаде околу 10 години, кога се вративме од екскурзија, со другар ми збеснавме и украдовме два сладоледи милка И со другарка ми истата година по едно чоколатце малечко и не фатија. Тогаш цело маало дозна. Бруки..
Досега ништо не сум украла а и не би помислила. Нашето маало е мало и нема многу овошки па дури и тоа ретко ми се случува да украдам некоја цреша, круша или нешто слично.
Даа.. како мала. од продавница шеќерчиња, но ме видела прдавачката и ме кажа на мајками после беше тешко мене.