магнет пред 2 год на Крф.Не се гордеам со тоа ама јбг сеа млада луда ...за некој тоа евро може значело за мене не тогаш од чиста глупост го направив тоа
Од дрвја сум крадела овошје, а се имам шверцано и во бус без да платам билет А од продавници, маркети, трафики, тезги, немам крадено
Jaс како мала имам украдено два кармина од баба ми и ги јадев навистниа незнам зошто сум го правела тоа
Кај беа тие времиња коа немаше камери... одиш во продавница те пратиле по Млеко и Леб.. ти дале 50 денари... а си идиш дома со мастики, чоколада, и сл работи.. а згора на тоа и КУСУР ВРАЌАШ! поштени мирни деца.. по 5-6 другарчиња одевме да купиме Млеко и Леб
Прв пат не памтам кое одделение бев и снема струја цела населба а баш тогаш имавме голем одмор, и во маркетот се беше темница, компјутерите не им работеа и тогаш сите крадевме, партали направивме, по цели ранци си ги наполнивме со смоки и чипсови, а само по едно плативме. Последен пат во прва средно исто на голем одмор во гужвата од една продавничка украдов од тие портокаловите кикиритки и чоколатце. А исто и им ги отворав малите синалко сокчиња да видам во кое има "шмек" за после да си земам гратис, не можев да се потпирам на среќата
Да! Прв пат украдив како тинејџерка од тоа цреша лабелото и после еднаш пак Краш чоколадо оти сум чокохоличарка тешка, а немав пари тогаш, и до ден денес понекогаш знам да си ги подкраднам истите без разлика што сега секогаш имам пари. Освен чоколадо и лабело никогаш друго не сум украла и не крадам. Многу чесно плаќам сѐ, скоро дечкото за лежалка на плажа заборави да ми наплати , јас сама трчав да го барам да му платам, сакам да кажам не ми е до заштеда на средства или класична клептоманија. Со психолог разговарав , на што се насмеа и ми рече дека сите некако сакаме да го задржиме детето / младоста во нас...На мојата се присетувам со чоколадо и цреша лабело понекогаш.. Ако ме фатат ќе им кажам зошто. Не планирам да се откажам. ♥️
Да, неколку пати кит кат чоколатчиња во Веро во ракавите од дуксерите ги стававме и немам плаќано за автобус карти ако се рачуна.
Мммм кит кат , ги обожувам!!! Хахаха, и ова само тогаш? Мене и денес ми се случува, само лабело и чоколадо!!! А ,ете денес можам да си го дозволам тоа колку сакам, не сум тинејџерка повеќе, ама останаа да ме поврзуваат со тој период и премногу романтично сум врзана за тој чин и истите. Последно пролетта си пафнав и чувството беше дека повторно имам 13 години... Од 37 се враќам на 13 во истата секунда , и секогаш само лабело,истото од цреша и чоколадо!
Хаха па не веќе, одамна беше, но неодамна бев соучесник на една кражба на оригинални очила за сонце Marc Jacobs, дечково беше од Србија и имаше една фолија која поминува на алармите а на мене беше да ја задржувам продавачката и да и го одземам вниманието. Инаку не во мк ова. Абе прав лопов не признава дека краде, ние со ситно само што сме украле
Тоа е веќе друга категорија со дечково и очилата, не би учествувала во тоа. За лабелото и чоколадото разговарав со психолог, не виде клептоманија во тоа, да беше тоа ќе се реализираше и за други продукти, хахаха, за кои не сакам да чујам да ги земам и кога би немала пари, но ме предупреди дека ќе морам да бидам спремна да ги сносам последиците ако ме фатат со чоколадо магарица од 40 години безмалку. Во тие моменти се чувствувам како повторно да имам 13.. Илјада лабела да ми дадат подарок и нема да ги заменам за едно дрпнато од голем супер маркет во кои робата најчесто им е осигурана. Еднаш два пати годишно ми се случува и ме држи детска еуфорија со денови.. Те молам пази да не продолжиш да бидеш соучесник повеќе за такви продукти, на крајот може и сиротата продавачка да ги плати од свој џеб очилата..а немаат цена од оние на панаѓур! Тоа се веќе посериозни продукти и имаат исто такви мерки ако делото биде "фатено". Пробај да си ги заработиш чесно и никому да не го покриваш. Утре тој прв ќе те пушти низ вода..
Па да се сложувам, инаку немам такви пориви али ептен бести ми беше и муабетов одеше као ај да пробаме со фолијава да украдеме i feel guilty али тоа е бидна во моментот се согласив, инаку многу голема продавница со многу вработени е, не верувам дека на неа и одбиле од плата А тоа со еуфорија кога е застапена личи на клептоманија но не знам тебе ти се задржала на лабело и чоколади само, зошто вака звучи опсесивно но ете психологот ако ти рекол дека не е можда и не е.