Секако дека е ,ако гледаме објективно, ама она на што и психологот рече ,кога би била клептоманија би крадела и многу други нешта не само лабело и чоколадо, и во тие моменти ја немам онаа опсесивна ургенција како сите клептомани , дека морам да ги земам, повеќе е една романтична носталгија со блага еуфорија која ме враќа во младоста и еден вид бегство од светот на возрасните.. Кај мене се најде токму тоа да ме враќа ..
На 16 украдов чоколадо од продавница, on a dare. И еднаш кога бев 10-11, од трафика украдов весник. Не беше продавачката на работно место.. чекав едно пола саат и на крај ми се смачи и само си го зедов весникот и си заминав.
Да. Додека бев мала. Во градинка или забавиште незнам точно, му ги крадев топчињата од капите на соучениците и ги ставав на мојата капа. Да имам јас најмногу топчиња.
Јас така си имам земено магнет, на сред плоштад, ајде пола саат што ги разгледував и не можев да се одлучам па уште и пола саат се вртам го барам продавачот а тој нигде го нема, ми здосади и си отидов Пола евро беше и омилен магнет ми е *Во Италија
Како мал имам крадено пари од дома повеќе пати, и две цедиња од продавница за цд, во тинејџерските години
Прстенче од тезга на пазарче кога бев помала... Беше околу 50,100 денари и сега ми е жал, не знам што ме мавнало тогаш... Може жената и не забележала дека беа истурени многу, а може и ме видела, а премолчела.
Пиво. Бевме на Пиволенд и немаше никој на штандот. Чекавме, чекавме, на крај земав две лименки и си заминавме.