Леле, еднаш само, прстенче од братучетка ми и го скрив во палтото, но татко ми го најде и тогаш изедов две-три шлаканици и од тогаш не ми текнува ни да погледнам, а камоли да украдам. Добро ме воспитал
ххххх...се секавам спиев кај братучедка ми и ноќта ни текна да крадеме праски(они имаа дома едни НААА ТОЛКАВИ ама не ни беа интересни) и кај 3 нокта на пижами со СУКАЛО пошто беше високо дрвото среде улица сме застанале и маваме ли маваме по гранките...праски на цела улица коа ги собравме не личеа баш на праски ама сите ги изедовме ...а за од продавница...па со знам,сакази само мислам...
јас од мала си беше по тоа козметиката, од продавници сакаш ли најскапите шампони, помади, дездоранси, парфемчиња и се нешто од козметика, а за праски сливи јаболки тоа не е крадење јас мислам
ДА! Заборавив да вратам една книга во библиотеката во средно и ме натераа за обична збирка поезија од 25 странички (па уште и да беа некои песни) да платам казна од цели 530 ден! Ги платив, ама се вратив да се одмаздам. Си зедов неколку книги за дома. Значи дојдов со намера да ги украдам. Тежок клептоман сум, признавам. Минимум 7-8 книги имам џапнато и ич, ама ич не ми е криво. Што ми е убаво кога ќе си ги погледнам дома сега . . . Се смеам ко луда!
Да! Два пати. Кога бев малецка, во продавниче ме натера една луда комшика да брцнам со раката во една пластична кутија и да украдам Хуба Буба мастика. Од страв да не ме истепа брцнав. Раката ме печеше мислам цела недела, а она си ја лапна цела Хуба Буба и ми пукаше балони пред нос. Од тогаш престанав да ја дружам а раката уште ми гори кога ќе ми текне И втор пат намерно - исто бевме деца и имавме многу скржава другарка која цело време ни се фалеше како татко и од Швајцарија и носел чоколатциња, а бидејќи беше скржава ни даде на мене и другар ми само по едно. Колку ли беа превкусни! Сега ми течат лиги кога ќе ми текне. И побаравме уште едно но нејќеше да ни даде. А илјадници ги имаше, буквално огромни кутии преполни со чоколатца си фаќаа прашина позади тросед. Не, а? А не даваш а? Доообро - начекавме момент кога беше во WC, си џапнавме со другар ми по неколку чоколатциња, и киднавме. И скришно ги јадевме под некое балконче пред зграда, за да не не види никој. Сто посто од авион се гледало дека сме јаделе чоколадо и дека сме биле размачкани. Не ни беше битно, ние битно уживавме без грижа на совеста. Си се правдавме - „да бе па скржавааа не дава, а има чоколадциња за цело Скопје“ и дојдовме до заклучок, дека скржавите луѓе не заслужуваат толкаво изобилство на чоколатциња позади тросед
Хахаха....да како мала во градинка еднаш едно девојче и беше мислам роденден и частеше чоколадца и после кога учителката не пушти надвор ние од тоа шкавчето нејзино ги најдовме чоколадцата и си земавме уште 3-4
Еднаш имам украдено чупалица од пазарче, и тоа сто пати викнав по продавачот да му дадам пари тој никако да ме слушне, епа сега , си се почестив
Еднаш украдов книга и тоа несакајки си се занесов во читањето и се излегов од книжарата така читајки.Кога се свестив што сум направила да ви кажам и`ч не се покајав не ни помислив да се вратам во книжара да ја вратан книгата туку си отидов дома да ја дочитам.
Луѓе гледајте на видеово како се краде кај нас !!! http://sitel.com.mk/reporter/makedonija ... o-negotino
Баш пред 2 дена си купував цигари во трафика, и зедов кроасан и му реков на продавачот-и ова ке го земам. Ама мислам дека не ме слушна и ми ги наплати само цигарите а јас си го земав и кроасанот. После неколку секунди кога го избројав кусурот се освестив што се случи, ама не ми се враќаше назад...не знам дали ова може да се нарече крадење, ама тоа е...
Имам украдено 1 мастика како мала, и што е најбитно продавачката ме фати хахахахха за срамотаааа и уште несвесно си имам земено едни смоки од маркет и незнам како ми се деси си излевам со нив без да ги платам, и тоа не намерно па да ги скријам...онака си ги држев во рака и си излегов хахаха после тоа викам нема да се враќам за да ги платам.И како мали со децата од маало обавезно сме краделе зелени кајсии, цреши од кај комшиите... детска работа