еднаш одамна еден приврзок од кај братучед ми, многу ми се допаѓаше и... и од продавница коа бев мала бонбончиња и мастики
Хахаха ме потсети темата кога бев малечко, слатко и кога се си добивав со плачење . Да се вратам на темата. Имавме пред зграда продавничка и секое утро со мајка ми одев по леб и млеко. Еден еден видов едно дете пред мене како си зема киндер јајце, па и јас си зедов. Од тогаш натаму секој ден си земав и киндер јајце, само работата беше што никој не знаеше. После подолг период мајка ми забележа дека се множат играчките, а таа не ми купува киндер јајца. Ме праша од кај ми се, му кажав дека си купвам секое сабајле ко ке одиме по леб и млеко. Малечко бев 2-3 год, па не ме искара, само памтам дека слатко се изнасмејаа со татко ми.
Ехх, крадењето на овошки во лето ми беше секојдневие Цело маало собрани и во акција А од продавница еднаш украдов чоколадо, но продавачот(а воедно и сопственик на продавницата) ме фати И ме кажа дома на моите Па после со мајка ми под рака, одев да се извинам Леле колку ми беше срам! Од тогаш па наваму никогаш не ми паднало на памет пак да крадам
Па освен овошки стандардно во маало кога игравме,друго на што се сеќавам е дека имав период кога крадев мастики од продавницата што се наоѓаше под мојата зграда тогаш.Значи,тоа ми беше ко ритуал извесно време,секогаш кога ќе ме пратеа да купам нешто,и продавачката ќе се свртеше накај рафтот да ми го даде она што го барам,јас си ставав неколку мастики во џеб,користев гужва зашто тие се наоѓаа наредени во кутивчиња одма на бирото и дури таа е свртена ја завршував работа Арно ама таа цело време да знае што правам и еднаш кога ми ги плесна моите крадачки маневри во лице,јас останав на место,абе не знаев на каде да фатам А бев срамежливо дете,и ептен ми стана незгодно и од тој ден ставив крај дефинитивно на моето криминалистичко однесување во продавницата
влегвам у продавница,а продавачот кузнај кадее..пред мене мастики бонбончињаа ставени во онакви пластични змаешш..и си се почастиф 2 бонбони..хахаха луди млади a за овошки да не збораме..
Ух, добро е, значи не сум само јас крадела како дете А тоа ти е пубертетски памет, мора нешто да се дрмне. Со една другарка имавме 2,3 пати украдено мастики. Као едната ќе ја занимава продавачката, а другата ќе земе. Не знам што памет имавме. Ама сепак имавме памет да не идеме во продавници во нашето маало. Среќа брзо заклучив дека не сум крадец... Во тие 2,3 пати срцето мислам дека во грло ми застануваше. Ако се смета за крадење заборавањето да се вратат книги во библиотека, тогаш тоа и како го имам често правено. Знам, ептен за никаде, ама некако се ќе дојдеше летно време, и јас ќе заборавам дека имам земено книги. Еднаш ми се случи после 5 години да ми се јават од една библиотека, да вратам некоја лектира. Кој ќе ти ја знае каде е книгата. Им реков, слушајте имам јас дома книги колку сакате, некои лектири од ех Ју, и што уште не, слободно дојдете, земете, и ќе го исчистите подрумот на моите И така испадна. Земаа доста книги, а јас од тогаш решив не земам повеќе книги од библиотека туку си ги купувам. Инаку ама ептен си сакам да си имам своја колекција на книги
Дааа освен што сме краделе овошки ,сум си земала и пенкала убави тефтерчиња,е оваа навика и ден денес ја имам .како мала моите братучедки ми крадеа многу ќе отидеа во веце демек им се оди,зимаа шампончиња,стегачиња свашта многупати им ги видов рботите кај нив дома дури не се потрудиле да ги скријат еднаш ми украдоа блуза,си дојдов од скопје си купив од наф наф преубава блуза,и тие дојдоа на гости јас ја оставив ќесата во ходникот,тие си отидоа а јас утредента се свестив дека ја нема оттогаш ептен ми се одвартни иако беа мали знам дека така така ги учеше стрина ми.
Како мала од маалското дуќанче понекогаш си земавме мастики, бомобони, лижалки .. и тоа сето беше промет до најмногу 10-15 денари . Нешто поголемо не сум украла.
Овошки од кај комшии не крадев, бев поштена ќе им отидам у двор и ќе им кажам дека многу сакам од нивните овошки, а тие секогаш ми дозволуваа и тие не ми беа вкусни како кога се вистински украдени. И токму заради тоа со мојата „банда“ знаевме да си отидеме у Расаднкот, таму имаше се што сакаме, значи огромен приватен посед за овошје, што е актуелно во сезоната го има таму 100%. Често знаевме да си отидеме и да си се насладуваме, арно ама ... имаа чувари, но ние имавме стратегија и еден обавезно чуваше стража. Еден ден сите се внесовме во едни преубави цреши, што заборавивме да се договориме кој ќе стражари, и така ние си јадеме а јас качена највисоко на дрвото, кога гледаме еден чичко доаѓа со пушка (чуварот). Сите деца почнаа да бегаат но двајца фати, ги однесе негде и им викнал полиција, а јас најпаметна си останав горе на дрвото скриена во гранките и тој додека ги бркаше другите мене не ме примети, откако се расчисти „местото на злосторството“ и јас се прејадов од црешите, се симнав и нате-нане си отидов дома Исто имаше и една напуштена куќа, т.е. викендица и никој не живееше а имаа многу убави цреши и јас и братучед ми ненормални ќе ја прескокневме оградата, ќе си земевме скала и си јадевме цреши, или си беревме за дома. И на крај кога ќе завршевме со операцијата ја враќавме скалата на место (поштени сме биле).
Mи текна на една дешавка пред неколку години бевме Cтруга кај некои роднини од страна на тато,јас и сестра ми заедно одевме в тоалет,и си "гледавме" шминки и во џебовите си напикавме римел,креон,кармин и дома кога дојдовме и кажавме на мама,и таа ни се закануваше дека ако не и ги предадеме украдените работи нејзе,ке се јави кај роднините така ништо од шминките
1. Продавачот рече еве одбери си 4 шнолки за тие пари и отиде да услужи други муштерии. Јас сум зела 6, на враќање до дома, бројам, бројам се 6 испаѓаат. Од страв да не ме пријават во полиција , двете ги фрлив в канта. 2. Јас секогаш прашував дали може да си скинам овошки, ама со децата со кои се дружев не важеше ова правило. Требаше да ја обериме една јаболкница од кај еден дедо и после да продаваме на пазар . Така берејки си, излезе дедото и земавме да го маваме со јаболката, едно дете кажа дека така немало да не види. И ништо од кражбата. 3. Е ова беше стварно намерно. Си игравме ресторант, ама немавме такви пластични вилушки за помфритот. И имавме план. Еден треба да ги прашува продавачките свашта, друг да пазари нешто, трет да внимава на муштериите. И успеја, девојчето што што го планираше ова, да украде, ама мислам дека не забележаа со потшепнувањето.
Леле еднаш и стварно не знам што ми беше и зошто го направив тоа Бев средно, не знам точно која година и отидов во една трафика или како да ја наречам за да копирам нешто, а таму освен што копираа имаше и грицки, тетратки, некои шминки, сјајчиња и сл. и не знам што ми стана имаше гужва и само се свртев, земав една мала светло лилава сенка во прав и ја ставив во џеб. Некако моќно и збунето се чувствував во исто време Потоа сенката ја фрлив, не ми одговараше на ништо и ден денес се чудам како можев да го направам ова
Сум украла, како мала. Најчесто мастики, еднаш украдов гума за бришење и пенкало. А еднаш украдов мастики, и потоа ме повикува продавачот, ме покажува на камерата како земам леле јас пропаднав!!
А сум крадела јас мастики,чоколадки...Ама утре што ќе правам леле леле!Открив дека баба криела од мене многу чоколадни бананички, ама си ги штедела жената за да доаѓам почесто најверојатно . Епа бабо, неможеш со мене! Утре се фрлам во акција, ќе јадам чоколадни бананички. И ќе си земам од убавите бомбони. Ете така.
Како мала со другарка ми еднаш опериравме во една продавница, јас вртев муабет со чичкото,секогаш барав нешто што немаат во моментот. Додека бараше човекот, другарка ми ја полнеше ташничката со мастики и чоколатца на каса ден денес се смееме за тоа.