1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали некогаш сте украле нешто?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Unfaithful18, 7 август 2010.

  1. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.019
    Допаѓања:
    5.937
    Eдна другарка имаше многу убави облеки за барбики и на нас не ни даваше и ние да си играме со нив ..еднаш се решивме - земаме ? -земамеее ..и оставивме 3-4 колку да не е без нив да не ги шета голи барбиките и друото по џебови :) секако не знаеше кои сме - 10 девојчиња бевме ..

    Исто имам украдено врвци од патики ...бев дежурна на физичко и ми се допаѓаа едни врвци од патики ..имавме еден клан во класот и што и да правевме не се кажувавме па така јас фино си ги зедов врвците од патиките и ден денес си ги носам :D (жолти се ) но нели порано имаше само црни и бели -барем кај нас :)
     
    На Angel-Wings му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Monickaa

    Monickaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2011
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    5
    охоооо ја кога бев мама уште средно и со другарка влегов ме во продавница и зедов ме обечки шминки римел креон и среќни се подновивме и си пуневме дома кутијата хахах ама среќни до небо а продавачката мутава не се замара излезела надвор пуши си цигари,потоа другарката фустанчиња,блузи зимаше многу и никако не даваше пари коа може вака да напраи :D :D :D али мене ми беше стра да не ме најдат :rofl: :rofl: :rofl: а за сливи кајсиии аууууфф да не зборам али тоа не е више крадење,а кога бев малечка 3-4 одд отидов во продавница и видов чоколатца и скрив во џепот и се скрив и се најадов слатко мммм
     
  3. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    ^ Ти имаш 20 години и тебе крадење (и тоа не ситно крадење) е смешно? :^)
    А јас сум Алиша Кис.
     
  4. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.136
    Допаѓања:
    88.489
    Пол:
    Женски
    Ако сум украла нешто тоа е цвеќе иако често и тоа си го барав. Никогаш не сум украла ништо од продавница или од било каде. Едноставно што имам имам , што немам ако имам пари ќе си купам. Ама па и не сум крива јас мила сум им на продавачките па секогаш ме честеле бонбонче.
     
  5. snegulka21

    snegulka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    92
    Како мала чоколатца и сакавчиња од продавница, се сеќавам кога одев во градинка мн често си ги "земав" играчките од таму за дома, филџанчиња кутичиња ехеееее, па мама ме караше и морав назад да ги вратам неприметно како што сум ги зела :^)
    Последно што го украдов е чоколатце од еден маркет,ама кутијата беше отворена и очигледно и др. си земале да ги дегустираат па беше преполовена, па дрпнав едно и јас :D
    и на одмор во Струга од пазарот неприметно имав земено маска за мобилен телефон, леле ко ме фати паника кога видов дека ми останала во раце,ама ете занесена бидна :D се сторив со маска за телефонот :lol:
     
  6. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    леле еднаш и никад више.мала бев бре не се пазев :D :D бев у продавница кафе да купам и човекот отиде да измери кафе и јас мастики ццц,земав и ги ставам у џеб и човекот доаѓа и ми вика:„200гр.кафе повели ,35 денари„-а јас само за кафе пари имам 30 ден.и му викам:„чиче зашто 35 ден.па 30 имам ми дадоа од дома толку за кафе? :D и он ми вика: па 5 денари се мастиките леле се здрвив почнав да плачам и ми кажа не плачи дај ги мастиките и др.пат немој,и јас,ама чиче јас не крадам :D :D ееееееее имав 7 години и никад од тогаш се плашев :D :D а се до денес никако неможам да ја прекинам навиката од дрвја да не крада,а гледам овошки морам -ама јас не крадам само си кинам :D :D :D
     
  7. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    69
    чекајте бе не ве разбирам и сега крадите?! Aјде некои овошки ама блузи,шминки?! Mислам тоа е веќе претерување,но ајде ајде да не испаднам нова Mајка Tереза да си признаам како мала имам само еднаш украдено мастики и чоколатчиња ама ко дојдов дома совеста ме фати и зедов пари(мои не украдени) и ги оставив во продавницата скришум. :lol: Oд тогаш да украдам нешто не ми се има случено крадењето ти станува навика и од чоколатца ќе префрлиш на нешто поголемо. ;)
     
  8. shiningstar

    shiningstar Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    307
    Колку што се сеќавам, малечка бев мислам 7-8 години, си игравме кај една другарка и многу играчки имаше, една од кои посебно ми се допаѓаше и си ја здиплив. :rofl: Како и да е, ме изеде мисла до кај мене дома, и паметам дека ја фрлив по пат. :doh: После тоа, не се сеќавам на други вакви мои испади, за среќа. 8)
     
  9. machorka

    machorka Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    58
    Не сум многу по крадењето...единствено како помали што крадевме цреши и сливи од околните дворови,не дека дома не ни купуваа,туку тоа беше повеќе заради возбудата и адреналинот,а вака од продавница никогаш не сум зела ништо,дури ни мастика,така сум воспитана, а и мислам дека ќе умрам од страв... :lol: Е сега ми текна,еднаш од градинка по грешка сум земала некаква играчка,сум ја заборавила во џеб и дома кога видов почнав да си вртам разни филмови дека воспитачките ќе приметат дека фали играчка,а тоа уствари беше некаква дебилна коцка или така нешто,дури не можев да спијам и едвај дочекав наредниот ден да отидам во градинка и да ја вратам...не ме бива за арамија и тоа ти е :D
     
  10. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Како помала не памтам нешто да сум украла,јас на стари години несакајќи станав лопов :lol:
    Првиот пат пред две години се шетав со внук ми по продавници и во една видов многу убави патичиња за него,го седнав на столче да му ги пробам,ги врзав и му викам да стани да видам дали му се добри и тој џом низ врата :rofl: Неговите патики ги фрлив во количка и трк по него,кога го фатив мислев да се вратам да ги платам патиките ама си викам ќе ми викнаат обезбедување ќе треба да објаснувам што како и не отидов да ги платам :$
    Вториот пат бев со другарка ми исто се шетавме со малата нејзина по продавници,пазареше другарка ми што пазареше и застанвме да чекаме во ред,ама дека поголем беше редот си реков додека чека таа ред ќе излезам надвор да си запалам цигара.Тргнав надвор а другарка ми ми рече да ја земам и малата нејзина со мене и седам надвор на клупа а другарка ми нешто ми прави ишарети со очите,кога гледам долу во количката на малата алишта и чизми,заборавила да ги извади :wasntme: И исто како и првиот пат си викам кога веќе не пиштел алармот на излегување,сега ќе треба да се објаснуваме дека по грешка,обезбедување обавезно ќе викнат,непотребно малтретирање и не им плативме :lol:
     
  11. puflaa

    puflaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    23
    И јас ко мала имам украдено мастика од продавница и ме фати грижа на совест па кога купував следниот пат им оставив од кусурот за мастиката. А за крадење кајсии, вишни, сливи тоа стално ко мала во маало од околните дворчиња. И не е крадење тоа, позајмување е на некој начин од тоа што го дарила природата :lol:
     
  12. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Вчера дискутиравме на оваа тема ... еххх спомени од детството. Во моето маало организиравме секакви игри, претстави, такмичења. Еден ден се договоривме да се такмичиме кој ќе украде повеќе кремчиња од продавницата (тогашна Славија) а како револт кон продавачките кои се случуваше да ги чекаме и по 10 мин. на каса (народски кажано - не не рецкаа кога сакавме да купиме нешто).
    ... И така еден влези, друг влези ...сите насмеани излагавме..а фала богу дотичните не не приметуваа ( како по обичај). На крај се пребројавме, го прогласивме победникот и среќни отидовме кај чичко Васе (шефот на продавницата) и гордо му ги предадовме сите кремчиња и му кажавме дека неговите продавачки се лоши и не не сакаат. Тој се насмеа и ни даде на сите по едно кремче... ама продавачките никогаш не не засакаа...и не не рецкаа и понатака. :)
     
    На LittlePinky и Angel-Wings им се допаѓа ова.
  13. FuffyToooU

    FuffyToooU Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    119
    Нормално, и јас имам ко мала украдено (со другарите од маало) по продавници.. портокали, јаболки, сливи, лимуни еднаш, грозје.. се што му било поставено надвор на продавачот :D
    Ако не крадел некој ко мал со другарите не мал убаво детцво :D :D :D
     
  14. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    еднаш само :| во маалската продавница сакам мастика а мајка ми ми водеше инает и не ми купуваше. и јас ја украдов кога си отидов дома кога мајка ми ме виде со мастика во раката ме натера да ја вратам. :| брука.
    на продавачката и реков: еве оваа мастикава несакајки сум ја зела :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На LittlePinky, LadyN и Name им се допаѓа ова.
  15. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Читајки ја темава ми текна и на едно искуство од сега поскоро, кога сме веќе повозрасни.
    Беше тоа една прекрасна вечер јас и неколку другарки собрани дома кај една од нив, си се загреваме пред излегување, се дотеруваме и ајде ќе излегуваме.
    Бидејки другарка ми живее по тесна улица моравме пеш да одиме до главната каде не чекаше такси, и така ние рака под рака одиме кога со една моја луда другарка видовме преубаво грозје во еден двор, и готово почнаа лиги да ни течат ко трудни да сме. И велам ајде по некое зрнце да скинеме, да се освежиме и таа се согласи, другиве се обидоа да ни укажат дека е срамота, дека можеби газдите не спијат а ние цврсто решени ќе одиме.
    И сега е интересното, бидејки грозјето беше на лозница горе високо, ние со штикли и суќни се опентаривме на портата и си кинеме, се смееме и си јадеме ко у сопствен двор. Така си уживавме некое време кога слушаме машки глас како се смее, неможев да сфатам од каде доаѓа зошто во дворот беше темно, само од уличното осветлување се гледаше грозјето, па си продолживме. За некоја минута слушам едно „Здраво“ го спуштам погледот а тоа дечко ипол пред мене, среден намирисан и му викам „Здраво“. Другарка ми почна да се смее а јас мртва ладна си јадам уште, и ај викам нема смисла да се симнам, се симнав а дечкото ми вели „Да не сакаш скала? :D “ . Само се насмевнав и сфатив дека тоа е всушност неговиот двор, се извинив и си запознавме а потоа тој ми кажа дека со другарите седеле неколку метри од нас и дека се не слушале и намерно молчеле :rofl:

    Бидејки и тие се спремаа да излегуваат излеговме заедно, и си поминавме супер а бидејки спиев кај другарка ми тој не врати дома таа вечер, а следниот ден дојде кај другарка ми на кафе и ми донесе грозје :rofl: а другарка ми беше пресреќна зошто тој комшија го меркала долго време а никако немала прилика и храброст да му пријде. :rofl:

    Така да и крадејки може да излезе некоја добра ствар, на пример да и најдеш дечко на другарка ти :lol:
     
    На LittlePinky, Angel-Wings, Sanela94 и 7 други им се допаѓа ова.
  16. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Како мала повеќе пати сум крадела од продавницата во маало, ситни работи, мастики, чоколатца, или од работите што стојат надвор. :lol: Не ме фатија ниеднаш, ама после тоа имав малку грижа на совест.
     
  17. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Ко мала, сите ќе се соберевме, и ќе земеме од дома по 10 денари, и се праевме фраерки, идевме до продавница, и купувавме лижавчиња. А ја од дома, по некогаш ќе речам мамо може 10 ден? Она ќе ми рече земи, и ја ќе си земам поише. Незнам баш дали е тоа, али ете. :lol:
     
  18. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Го украдов неговото срце. [​IMG]
    Шала на страна-му го вратив, со поминат рок беше.

    Инаку на времето, додека бев манијак за собирање Касандра сличиња, имам од тезга на пазар украдено пакетче со сликички, кои што беа како џокер, никој ги немаше, а овој тезгаров ги продаваше 100 место 10 денари.Е не му го праам ќеифот, дрп и шпринт. [​IMG]

    Наредниот ден, во школо си се парталев колку јуник си сум јас со сличињата и кога ете, една цурица доаѓа со исто такво и кажува дека татко и на тезга на пазар продавал. [​IMG]Си поќутив и кажав дека ми биле увезени од странство.

    Ма да едноставно и очигледно, ич не ме бива за тие работи. Абе и за препишување на тестови труп бев.
    [​IMG]
     
  19. cruella.devil

    cruella.devil Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Јас искрено да ви кажам од продавници не но од другарки да....и тоа лакови и шминки тоа ми беше огромна страст.Еден ден бевме во дојран кај едни роди и тие имаааа мнооооооооооооооооооооооооооооогу шминки и лаковиии ......и си зедов сенка од авон и две сјајчиња..а др година немав такви лакови со тенка четка а тие ги имаа за на извоз и си зедов две и сестрами кога виде ми се изнаразвика но и на неа и дојде убаво и до ден денеска си ги користам
     
  20. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    530
    Јас имам украдено ленти за депилација :wasntme: :$
    Ги извадив сите 10 ленти од едно пакетче и ги ставив во друго во кое веќе имаше 10.
    Си отидов на каса и си ги платив лентите.
    Ова го направив дури два пати. Не планирам пак да го направам зошто ќе ме стрефи некој срцев удар. Не сум јас за такви работи. И првиот и вториот пат едвај преживеав :tmi:
    Ако некоја феминка купила празно пакетче јас сум крива, се извинувам :tmi: