ми се има случено да украдам пари од места кај што знам дека најчесто моите остваат пари за секој случај да не ни се деси нешто или место 100 да земам 150ден пред излегување од новчаникот на мајка ми или да си задржам нечеие позајмено пенкало за мене ако ми е добро за пишување. малку ми е срам да не ме открие мајка ми, знам дек ке ми дај повеке пари , ама сепак нејкам да бидам ненаситна со пари.
хахахахаха јас имам купено празно пакетче ленти за депилација веет.Гарант ти си ми ги собрала претходно среќа имам една комшика што работи во маркетот па ми ги замени сега некој друг нае**л
Поранок ќе се соберевме 5-6 души во продавница, и еден купуваше другите бутање чоколадца и мастики во џебови. И после си ги делевме. Среќа не не фатиле
хахахахах се изнасмеав ејјј па да како помала некоја мастика или чоколатце ама ништо повеќе ете тој ум тие години ама не се жалам убаво ми беше се за забава
ххахахаххаххаха да еднаш и ке го памтам тоа додека сум жива...... ме наговорија децата од маало тие што беа постари да украдам една мандарина од една пиљара верувајте вечерта не можев да заспијам од страв мислев дека цел свеет знае за тоа хахахха.......а имам крадено и јаболка кајсии цвекиња
Крадените црешни, сливи, јаболки се мнооооооогу повкусни од купените!!! Порано како мали нон стоп оприсувавме по дворови. Или ќе влеземе 5 души во продавнца двајцата купуваат нешто од 20 денари излегуваме со работи од 200 ден. па делевме после. Имам украдено тевтерче, пенкала, мастики, чоколада... ама еднаш ги фатија моите другарки во една продавница (тебаше и јас да одам ама ете нешто ме натера дома да седам) и од тогаш ништо, 5то одд. бевме. И памтам после не влегувавме у таа продавница до 8мо Исто имам украдено листе од детска пошта од другарка ми - не сакаше да ми го даде или да се смениме а имаше дупликат, и морав сама да си го земам
Има личност која не го направила ова? Паметам како мали, јас и уште неколку другарки по нашки речено опериравме книжара. Јас си се подновив со две пенкалца во боја, едното сино, другото розево и ја имаа Пепелашка на нив. Многу бевме горди на себе од фактот што не не фатија во толку мало место, а 3 продавачки имаше. Официјално кажувам, книжарата ни беше најголем предизвик и се спремаа планови за неа со време. Мисијата успешно ја завршивме. Сега? -Си се чудам на паметот.
Кога бев помала со другарките крадевме сливи и цреши Сливите обично ги крадевме незрели, зелени и потоа ги јадеме со шеќер
Епа ако се рачуна безопасна игла за крадеше тогаш да Едно девојче во градинка имаше направено ланче од безопасни во боја и сите и завидувавме, а јас првпат видов безопасни во боја па и џапнав една љиљакова кога си влезе внатре... А имаше и друга ситуациа...имавме само 10 ден. со другарка ми и отидовме да си купиме од тие сладоледите по 10 што се...и ги дадовме парите на продавачката и ни кажа да одиме сами да си земеме сладоледи...и замислете место сладолед од десет ние земавме дууууурииии од 20...вау Добро дете сум била јас не сум крадела
Од продавници или од некого немам крадено, ама сливи (зелени), цреши и кајсии претежно (не за друго кајсијата беше во дворот на една жена и таа секогаш не бркаше од таму па од инат си крадевме) деца бе.
Па да, имам Како деца, кој немал украдено нешто.. Секако тоа биле ситници и глупи работи, ништо сериозно Сум крадела вишни, цреши и малинки од соседот кога одев на поседок кај баба и дедо
Еее, кога бев помала крадев доста...Дете бев-немав мозок во главава Се сеќавам на три ситуации: 1-украдов една мала кутија со пластични дијамантчиња од една другарка 2-друг пат од една другарка на мајка ми украдов една од оние мали срцовидни маски за лице 3-покасно крадев пари од новчаникот на баба ми-не многу, по 100 денари од прилика...ако ми затреба нешто да имам со што да го купам Нормално, сега веќе не крадам...
Не сум крадела многу,ама се сеќавам дека како помала сум крадела јаболка од продавница оти надвор ги чуваа и ние му ги земавме а повеќе пати бевме фатени,и исто така му ги крадевме сметките на луѓето што им стигнуваа и ако не беа дома му ги оставаа на врата и ние ќе му ги земевме Срамотилоци ама што да се прави,ај сега да те видам направи такво нешто
Како сите деца од комшиите овошје ова она,после од продавница по една праска,слива...на една другарка и украдов 50 денари зошто ме нервираше многу
Да,како мала. Овошките од комшиите уште ми се во паметот.. Сум си берела (без дозвола,нели ) кајсии,сливи,јаболки,праски.. ма све живо и диво
Како мали - кога ќе видиме нешто што неможеме да го имаме , ни доаѓа таа желба - да украдеме. Имам украдено еден лампион. Кајсии , цреши , јаболка, тоа секој го има украдено. А што е со лубениците ? Сега пред некое време одевме на викендица кај еден другар, и поминавме до една нива со лубеници. И цуп-цуп си џапнавме една. Ама како ни се погоди, баш најблагата. А сега како голема не. Ништо. Која е целта ако го украдам? Само се срамам.