леле никому не му имам кажано за моето крадење и сега ми е срам невиден.... мала си бев некаде можда 3 одделение и една другарка ни раскажвеше дека си крадела и не подучуваше како да сме праеле.и ај ке пробам ијас.и во продавничката кај нас си се научив и си земав блок чоколатче од најмалите..арно ама ме фати продавачот и ме кажа на моите..еден кјотек си добив убав и од тогаш не ми имат текнато да крадам...и да заборам нешто ке се вратам и ке го платам ама кјотекот ме вразуми
Освен крадењето на цреши,вишни,јаболчиња ,имам украдено и една алка и едно прстенче уште како мала од пазар и искрено многу се страмам и се каам за тоа што го направив
Како мала на едвај 2 години сум украла некој огромен компир од продавницата под нас, ама ме виделе и продавачот и мама како брзам накај влез со него и ми се изнасмеале здраво пошто сум била како пингвин со толкав компир во мало раче. И ден-денес ме зезаат за тоа. За друго „посериозно“...на некои 6-7 години си земав играчка Пинк Пантер од кај кумата, од оние мали, гумени од киндер јајце. Кога ке ми текне колку убави играчки има жената а јас за тоа сум се фатила, си се ругам самата себе. И толку од мојата лоповска кариера.
епа порано многу пат се дешаваше да одиме на крадење: цреши, јаболка, сливи, праски, ченка (за печење)....а некогаш ни се случило и на крај да си правиме муабет со домаќинот кој го крадиме...хахахах еднаш на една другарка и ја украдоф една книга „Проклета авлија“ од Иво Андрич (и следниот ден видоф дека ја имам и дома, ама не и ја вратиф...) ... но најинтересно беше пред 2 години си одефме од нашколо со една другарка во најголемите дождој и немафме чадор и поминувафме од кај една книжарницаи видофме надвор чадори, грабнафме еден се скирвме во едно сокаче и од тука си го пуштивме чадорот и ко ништо да не било си продолживме... (и ден ден се смееам на овие глупости....)
Кога си одиме од училиште цело друштво се качуваме на една цреша и си јадеме (кога е време за цреши само.. ). И порано кога се беревме во маало се шетавме и што ќе најдеме тоа. А освен овошје, друго немам ни помислено да украдам. Таква личност сум, ако направам нешто лошо може и со години да ме јаде совеста.
Кога бев мала имам крадено мастики од продавница ама сега нема шанси и сличиња од Касандра од на пазар ќе се соберевме со другарки и дури плаќаше едната другата крадеше (организиран криминал) леле кога ќе ми текни сега се смеам Лудила (имав 6-7 години тогаш)
Kако мала сум му ги украла..земала дукументите на тетин ми од џеб..и сум ги ставила кај барбиките во куќа.. и знам еднаш коа се враќав од забавиште си се послужив со јаболки..беа на тезга такви цели црвени...продавачот ми се дереше а јас паметна ја викав мама да го кара и на крај јас си го добив и од тогаш ми нема текнато да зеам нешто туѓо..
Никогаш. Како мала помислував да украдам лижавче или мастика ама никогаш не украдов. Мислев дека тоа е најлошото нешто на светот..
Еееех хаха малку ли ја искрививме мрежата кај соседите берејќи од се по нешто..до душе по продавници не сум крадела ништо ама знам на другарка ми и земав една ташничка ја беше фрлила надвор до кантата и мене ми се допаднаа ии ај у џеб
Охо, за сливи, кајсии (и сега си берам пред од пред зграда кајсијата), цреши и други овошки да не праиме муабет, лопов прва класа јас, ама тоа не се важи де . Сега за овие поозбилниве работи : Да кажам прво, од продавница никогаш не сум украла. Туку во 3то одделение, со една другарка се фативме за бизнис: Деа учевме целодневна сите школски работи ни стоеја во школо, во фиоки, и ние прво на едно девојче еден споменар многу убав, и го криев дома, ама ме мачеше совест цело време, после на истото девојче тетратка многу убава (и уште ја имам дома ), и едно парфемче носеше во школо и многу убаво и беше и ги криевме под една елка во школо , и на едно друго девојче лепак, ама многу убаво паковање имаше, како јогурт и со сликици, тој го криевме кај другарка ми во влез . После не открија и јас едни плачки, ме натераа, не сум крива, бруки . Еднаш па ми текна Развигор ли, Другарче ни делеа и мене девојчето што седеше со мене во клупа ми го земала погрешка и една друга другарка зема од друго дете и ми го даде мене, ама во понеделникот ми го вратија моето и јас го вратив краденото . И за крај некое гумиче, моливче, пенкалце случајно ако го заборавам кај мене и не знам на кој е да го задржам, ако знам на кој е поштено си го враќам .
Како помала само овошје од кај комшиите. А од продавница или другари НИКОГАШ немам ништо украдено. Исто и јас ако заборавам некое пенкало кај мене и знам чиво е го враќам.
Да. И го украдов на една дечко и. Па шо не го врзала,она е крива... Он топик. Колку што ме држи памтењево,не. Moже некој молив од тој шо седел до мене,или пенкало.. А вака нешто друго тешко преносливо,освен телевизорот од комшијата,друго не ми текнува. Мала шала. I`m a good girl and we don`t do that.
Несакајќи гумени бонбончиња.Беа слепени едно за друго и јас две сум земала...еее ама ми беше тешко цел ден,едвај чекав моите да си дојдат,да одат да и кажат на продавачката и пари да и дадат. А иначе она крадење на зелено овошје од дворови на комшии,па да.Прва лекција дека кармата е кучка,фаќање дијареа од зелени кајсии...ах!