Јас украдв од дедо мраз. Значи бевме 1 одд и во школо дојде дедо мраз да ни подели по едно бомбонче, ама јас си земав две. И после тоа грижи на совест бидејки сум зела две, едното го фрлив. Инаку неколку пати имам крадено цреши ама некако не ми правеле мерак тие крадените (чудно нели )
Во прва заедно со една другарка му го украдовме тестот по историја на едно дете Спојлер Цел викенд ние учевме, тој си шеташе, кога дојде тестот тој си дремеше ние пишувавме. И на крај тој доби петка - ние четворки. На одморот онака шпионски му го зедов од клупата. Имаше напишано две реченици на крст и тоа повеќе грешни одколку точни (со прераскажување и објаснување беше тестот) и со трчање кај другарка ми, ќе се степавме која да го земи дома прва, иако беше за џабе(барем кај мене)
да имам крадено со другарки во средно школо....најчесто некои женски работи што ни требаат...сјајчиња за уста,шминкички и такви ствари.....мило ми е што престана од тогаш и што сите поминавме неказнето
никогаш ништо, ама мене ми имаат украдено и е многу лошо чувство (се работеше за мој близок) и не знаев како да изреагирам, а да не ја направам големата.
Кога бев мала од едни комшии украдов едно мало перниче за кукли , многу ми се свиѓаше. И после дома мајка ми ми викаше ќе те земе полиција сега и такви глупости и јас многу се исплашив сакав да одам и да им го вратам ама го фрлив .
Еднаш од една комшика кога на терасата и ја видов барбиката и ја украдов. Ја однесов дома отидов во вецето и го тргнав шеширот и ја скратив косата чисто кратка и потоа пак ја вратив на терасата на терасата (од кај и што ја земав) ама без шешир, затоа што го оставив на мојата барбика. Сега кога ми текне си се смеам самата. Ама што да правиш детски мозок А шеширот сеуште стои на мојата барбика А во 8одд во кабинетот на нашата класна јас и уште неколку другарки правевме портфолио а наредниот ден правевме тест од класната (по македонски) и бидејќи незиниот кабинет се заклучува и никој ништо не фаќа тестовите ги имаше ставено под катедрата.И што ќе направиме ние? Украдовме еден тес ит двајца отидоа и го фотокопираа и потоа пак го вративме на истото место. Тестот беше за крај година и сите ние што бевме во кабинетот тој ден, добивме високи оцени
Како мала мислам 3 одд бев со другарка ми крадевме гуми и моливи од соучениците и си ги делевме по пола ....... една гумичка уште чувам
Бев 4та година средно и беше Сабота се сеќавам и нормално, ден за излегување со другарките бев договорена , требаше прво на кафе па после во Колосеум да идеме. И се спремив јас се комплетно, и така јас идам накај дневната соба да побарам пари од моите и кога гледам ги нема! Заборавив дека отидоа на вечера кај кумот. И ме фати паника малце ама ми текна. Баба ми живее на 200 метра од нас и отидов кај неа. Наводно да ја посетам пред излегување. И нормално женава ко секоја останата баба гладна си па гладна си кај ќе идеш така, чекај да ти спремам нешто, а јас полна само што јадев хамбургер 2 саата претходно. И отиде она во кујната и јас тука искористив шанса и и земав 500 денари од новчаникот. Знам кај и стои 15 години го нема сменето местото. Ми напраи 2 јајца, изедно 1 со сила и си отидов одма. За парите не примети пошто никогаш ништо не спомна дека и фалеле. Иста така еднаш како мала украдов смоки од продавница, бев пресреќна деца...
Да.И се многу срамам за тоа hock: но не се каам. Спојлер го украдов мојот маж Ко мали бевме собрани поеќе другарки. Тогаш не ни даваа пари за шминки и ние луди што ќе направиме (под диригенција на една што беше постара од нас), се собираме на тезга и го напаѓаме човекот со прашања, колку чини ова, колку она. А нашето сценарио претходно беше испланирано И така која што можела да грабне, кога молив за очи, која лак,која пудра, а бе резили за 30-50 ден. Битно се собравме потоа и секоја гордо си покажа што си купила без пари Извини чичко тезгаџија
Како мала моливи и гумички на другарките па нивните беа поубави не сум јас крива што и мене не ми купиле такви!
Да,еднаш Во 4то одделение украдов од една книжара од тие печатите за рака што беа ако се сеќавате.20 денари беше ама немав ни толку во мене а многу ми се допаѓаше и си го зедов Ама после цела вечер не спиев имав грижа на совеста и другиот ден отидов го вратив без да забележат Комедии
Да ама сега се каам. Одамна беше бевме мали и не размислувавме и со другарки неколку пати украдовме моливи, пенкала и слични работи од соученици. До ден денес, кога ќе ми текне на тоа имам грижа на совест.
ова беше кога имав 5 години...имаше другарка ми едно шишенце за кукли внатре со една бела течност како млеко ...толку ми беше убаво што морав да го имам и еден ден кога појдовме со мајка ми на гости и го украдов и сеуште стои кај мене...сестрами си игра со него, бидејќи е помала а за овошјата на комшиите, да не зборуваме..
Денес. Еве, баш пред некој саат мислам. Отидов до вц, и гледам... четка за пудра. Кој би го оставил таму, жити се?! Како се заборава тоа? И сега, ја гледам... осамена, безпомошна, моли за нов сопственик кој ќе ја чува и сака, и редовно ќе ја чисти. Чекав да не се доаѓа некој да ја земе, ама њет... Ја зедов, проверив дали е добра... добра ми се чинеше, и ја зедов. Грижа на совест-нула! Само да не си го земам со себе на факс. Да не се посрамотам пред некого.