Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали некогаш сте украле нешто?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Unfaithful18, 7 август 2010.

  1. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Од продавници никогаш ништо немам украдено ептен ми беше страв...дури еднаш ко помала си земав две бонбончиња и заборавив да и оставам на продавачката 2 ден..и таман кај мене пред порта ми текна и сакав да се враќам назад да и дадам пари ама братучетка ми која е постара беше со мене и ми вика каде ќе одиш сигурно нема продавачката приметено...и другиот ден ми беше срам да отидам до продавница оти не сум и оставила 2 ден. :fubar: :lol:

    А знам дека еден период крадев алишта од барбики кај кој и да отидев...најмногу од кај братучетка ми ама и она ми крадеше да се разбереме :!:
    И уште еднаш имам украдено една шнолка како шеширче од кај едно девојче ама се сеќавам тато многу ме караше и ми рече одам да ја вратам и да се извинам...одтогаш не ми текна да фанам нешто што не е мое.
     
  2. smiley-32

    smiley-32 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    511
    Како мала сум крадела гуми за џвакање,лижавчиња,гуми,моливи итн ама ми се има случено и да крадам повеќе.На пример бевме со мама на кафе во 69 и кога да отидав во вц видов заборавен мобилен и диор масакара фрлена на земја :D Ја пробав маскарата и се беше ок ,потоа ми беше жал за мобилниот и сменив картичка , ја фрлив во вц- шолјата и си ставив моја картичка и си имав мобилен :D ама после дојде жeната да праша да не сме виделе мобилеn јас со ваква фаца- :x и така ,после го продадов за 2000 денари и си имав парички а мобилниот беше ваков,навистина ми беше жал за жената ама ... - кој што си најде негово си е
     

    Прикачени фајлови:

  3. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Леле, ме фаќа срам. Имам крадено многу како помала ама ситни работи. Се сеќавам еднаш шетав со другарка ми и застанавме кај една трафика оти здогледав весник на насловна со Бритни, а ја болна по неа, го зимам весникот, прелистувам внатрне гледам 2 страни за неа пушувано и + постер од неа и трчанката ауф да ме нема. Другарка ми цела збунета незнае што се случува и трчала по мене. И ми текна уште на една случка исто со неа ми вика она да крадеме сакази (мастики), и се договараме да одиме во една трафика она да земе 2 сакази и додека и плаќа на продавачката ја да земам колку можам од кутијата.
    И одиме и она зима сакази јас ја гледам и ме фаќа смеа и почнувам да се смеам ама оноа гласно, она се врти и ми мава еден поглед мртва озбилна и ме гледа, и јас и викам хаха се сеќаваш ли милка кога падна (за една друга случка едно девојче бркаше некој и падна и сите и се смеевме) и продолжувам да се смеам, а она уште озбилна, целата пребледена ме гледа, ја грабам сакази од кутијата и ауф да не нема :D
     
  4. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    Помала од блиски роднини, приврзок, крст, бижутерија. Ми беше ептееееен убав и решив да го ставам во џеб. Уште се чувствувам глупо поради тоа.

    И од продавница, мастики. Сум имала пари да ги купам ама ете сум ги земувала без пари. Интересно ми било изгледа. А памтам дека многу ми беше страв продавачката да не ме видела. Се случи тоа 3-4 пати додека еднаш не дојде татко ми дома од друга продавница и рече дека продавачката му кажала дека едно девојче-комшијка, земувала мастики во цела рака. Често. И од тогаш официјално престанав. Ми беше многу страв да не ме дознаат и да не ми пискаат :D
     
  5. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Маслинка од пазар :).
     
  6. qqq

    qqq Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    7
    Не ми текнува дека су крадела ко помала..можеби од книжарницата до школото по некоја гума..а сеа у брзо време,на екскурзија во италија украдовме со една другарка по еден привезок и магнет..:D
     
  7. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    Не :| Никогаш не сум крадела, страв ми е.
     
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    не сум помислила на такво нешто, а не пак да направам
     
  9. maja0

    maja0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    ДА, хаха. Во 4то одделение откако завршија часовите, со другарка се искрадовме во школо и украдовме 2-3 креди и 4-5 цветчиња направени од хартија. И после возбуда невидена, како милиони да сме украле. После тоа помина возбудата, па се мислевме леле да не не видел некој и бла бла муабети.
    Од тогаш немам ништо "украдено", а и не ни помислувам, ниту пак верувам дека ќе се случи тоа некад.
     
  10. Elika

    Elika Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    46
    Леле па овде најголеми крадци имало(се шегувам) :D .Иначе јас од училиште можам да земам по некја креда друго мислам немам.:)
     
  11. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Како помала имав една другарка која мноогу крадеше и ужасно ме нервираше, ми крадеше алишта за барбики и детска пошта најмногу, а се дешаваше и други работи од дома случајно да се најдат кај нејзе во ранец. И еднаш со другите девојчиња од маало се договоривме поштено да и наплатиме. И така почна мојата кариера со организиран криминал :lol: Абе ја сотревме, како ја испокрадовме.
    После, кога бев тазе тинејџерка, дете аздисано, со другарките организирано ограбувавме една продавничка со цел да си заштедиме пари. И тоа се чудам како сум имала толку среќа да не ме фатат, а не беше мала работа како мастики и такви ситници, ние на големо си целевме госпоѓи :D Еее младост :lol:
     
  12. Justice.Girl

    Justice.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Киндер јајце, чоколади, мастики :$ кога бев мала, сега не :shake: :shake: :wasntme:
     
  13. Gluvcee

    Gluvcee Нов член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2011
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    27
    Кога бев мала молив открадов од една другарка па не сум јас крива кога не ми купиле и мене таков :D
     
  14. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.435
    Допаѓања:
    4.993
    Кога бев помала седевме пред една продавница (ја знаевме вработената таму), дојде еден дечко и нешто и промрморе на продавачката и таа му даде.
    Ја молевме да ни каже што е тоа, ни рече тоа се мастики за големи.
    Другиот ден додека таа не беше во продавницата, влеговме да ги украдеме тие "мастики" бидејки нас не ни даваше да си ги купиме, сакавме такви..
    Ги украдовме, што ги украдовме и си завршивме со кондоми во уста да ги џвакаме. Кога ме виде мајка ми дома што џвакам, ме седна и ми објасни на детски начин што се тие, и дека не се за џвакање! :)))
    Од тогаш не сум украла ништо..
     
    На Aryana, technogirl и Magnolija им се допаѓа ова.
  15. Afronija

    Afronija Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2011
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    9
    кога бев помала-мали чќоколатца а сега не
     
  16. Smileeee

    Smileeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    75
    Кога бев малечка од комшиите еднаш земав едно мн мало тефтерче беше зимо и го ставив во капата :lol:
     
  17. wwwbella

    wwwbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    8
    Па јас изгледа сум мислела ако биде да биде не сум украла никогаш мастики бонбончиња, имам украде една пепелјара ( мн. ми се допаѓаше) од екскурзија и од тука од панаѓур зедов фармерки неможев да го најдам човекот што продавашe vo гужвата па си заминав :)
     
  18. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    еднаш на една и го украдов дечкото на 10 дена и пак и го вратив :D
     
    На Elika и Butterfly15 им се допаѓа ова.
  19. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Никогаш ништо.Чесен збор! :!:
     
  20. Buba-Mara

    Buba-Mara Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    61
    Ај и јас да си кажам :) Во фарбите на гарниер имаат преубави маски оние што се ставаат после фарбање, имав еднаш пробано мајка ми кога се фарбаше па не ми се исплатеше да купувам цела фарба и си се послужив од веро :D 2 или 3 не ми текнува точно колку земав :D Преубави се, треба да почнат да произведуваат во поголеми пакувања :) После тоа умрев од страв да не ме видат на камерите и да не ме бараат дома :D :D :D
    Ако некоја купила фарба без маска ја се извинувам :$
     
    На Angel-Wings му/ѝ се допаѓа ова.