Дали некој од форумов нема ниту еден пријател или пак има али никој не го вика за излагање. Што се вели се чувствува осамено.Би сакала да се запознаам со нови луѓе, не само тука туку и во живо..И вие страмежливите не се страмете,јавете се можеби ке ви се промени животот. Имам пријатели, не сум од оние популарните али сакам да се запознаам со некој по можност и да се дружам..Не е битно од кој град сте и какви сте Со мене секогаш е опуштено сакам да бидам добра и да пружам прилика на некој што нема пријатели и е во депресија. А и знам како лесно да се излезе од тоа без апчина оти се занимавам со психологија. Некаде од 17-24 години ако има некој нека се јави не е битно машко/женско Само за другарство велам. Не знаев каде да ја вметнам темата па реков ај тука.
Јас немам многу пријателки ама па си имам други занимации и не сум во депресија Како и да е,пиши ми кога сакаш,расположена сум за дружење,само за да се запознаеме во живо не знам баш дали ќе биде можно,срам ми е )
Види ако студираш психологија во принцип треба да знаеш како функционира социјалната психологија и како треба да ја третираш инидивидуално во опшеството во кое што живееш. Верувам дека секој човек има депресија и понекогаш се чуствува Соло, т.е дека нема некоја квалитетна конекција со која што ќе кореспондира во овој матријален Универзум... Како и да е во секој случај подобро е да пробаш да направиш нешто околу тоа и да пробаш да внесеш промени во својот живот - како на пример што го направи овој потег. Треба да се градат квалитетни конекции и да се балансираат Социјалните кругови. Да се живее малку посветол живот, нема потреба од жепресии и такви срања кој што ги наметува опшеството преку безброј социолошки турболенции кој што ни се случуваат во текот на животот посебно во младоста.... На секој му треба пријател ... социјални битиа сме и не можеме да функцинираме сами во суштина...
И јас на моменти се чувствувам осамено, не сум екстроверт па да имам милион пријатели туку имам малку но и тие некако не ме забележуваат. Некогаш ме боли кога гледам како другите се забавуваат постирајќи слики на социјалните мрежи, а јас тој ден сум го преседела дома правејќи буквално ништо. Но, подобро да бидам сама отколку да бидам во друштво кое не ми одговара и ми дејствува токсично. Научив како да се справувам со осаменоста, времето поминато сама ми е квалитетно исполнето. Тие што сакаат да се дружат со мене се малку, воглавно се презафатени и немаат време кога да се видат со мене. Да, ние сме социјални битија и треба да функционираме како такви но зашто никој не се обидува да помине време со таквите како нас? Сите ми викаат: треба да се опуштиш. А со кого да се опуштам кога никој не сака да излезе на кафе со мене?
Mislele da se opustis vo smisol da bides svoja..da ne se stramis Sigurno postoi nekoj sto saka da odi na kafe sotebe bez gajle
Пријатели имам еден куп, другари 2-3-ца. Непријатели сега за сега немам, за во иднина не се знае, може да имам уште повеќе пријатели, зошто лесно можам да стекнам пријатели, иако сум малку прибирлив за другари. Можеш да сметаш и на мене. Инаку знам други психолози што имаат малку пријатели или па немаат ич.
Ова е објавено лани. А што сега, сега имаш со кој да излегуваш, да се дружиш, те викнале на кафе дома кај некоја некој ?
како тоа немаш другарки мора да имаш и сигурен сум дека на некои очи им недостасуваш сакат да те видат
И јас сум во оваа група од скоро. Немам пријатели. Имав една пријателка, ама откако и помогнав да најде работа заборави дека постојам.