Во денешно време има навистина толку глупави суштества што се мешаат таму кај што не треба, не ми е јасно што е толку интересно да се мешат во туѓиот живот на другите луѓе пријателите можеби не знаат за моето членство но непријателите и оние што немаат мозок по мое сигурно знаат. Ако има некој нешто да ми каже нека ми каже директно мене, лично мене со својот личен статус а не преу лажни претставувања на фб и што знам преку што уште не, таквите луѓе се кукавици по мое мислење и воопшто не можам да го разберам нивното размислување.
никој не го знаеше. се додека не дојде една пријателка и кога отвори фемина, виде која сум, и по некој ден ме критикување за моите мислења!!!
Имам една другарка која се прави дека ништо не ја интересира, за никого ништо не знае, не оговара, а уствари за сите се знае. Па, можно е само таа да знае.
Никој не знае, освен една феминка која ми е многу драга Искрено, не сакам на никој да кажам дека сум зачленета, имам приметено и мои другарки на форумот, но тоа си е нивно. Мене пред се‘ ми е важна приватноста.
Знае само една другарка и никот ми го знае но,не ме интересира.Освен нејзе на други другарки не ми е во план да им се доверам дека сум членка на форумов.
Знаат само две другарки дека сум зачленета (нормално и никот ми го знаат), и една форумџика со која скоро се запознав
Бидејќи сум нова никој засега незнае а и мислам дека ке си го зачувам тоа бидејќи несакам некој да ми ги чита мислењата
Не, ниедна од моите пријателки незнаат дека сум зачленета. Немам намера да им кажам самоволно, а и доколку дознаат не би им потврдила. Еднаш една другарка пребарувала нешто за филмови и наишла на мое мислење и ми даде принт скрин, велејќи ми дека девојчето многу размислувало како мене. Т.е исто сме размислувале. Се изнасмеав.
Ни мои пријатели не знаат. Не сме паднале на муабет. Ако се спомне ваква тема веројатно би кажала, ама дефинитивно нема да го споделам никот
Лично се познавам со 2-3 (мислам дека) феминки на форумов,и има некои теми во кои не ми е згодно да коментирам,но сето друго што не е којзнае колку приватно си го пишувам,и сметам дека не се такви личности кои ке зборат подалеку за нешто што сум го напишала.