Не знае никој дека сум зачленета. И не ни сакам, го гледам ова како мое приватно место за релаксација.
Само мајка ми знае и никој друг и не би сакала да ми ги читаат пораките пријатели, дека овде пишувам сѐ што сакам и за мене е место кое ме прави да не се осеќам осамена и најомилена страна ми е , ја користам исто толку често како и инстаграм.. Гледам според пораките дека постојат стварно многу интересни, забавни и добри луѓе така што не прават со задоволство да ги читам како да читам омилен дел од книга .. Голема среќа имам што сум член на форумов..
Мене ме знае најдобрата другарка дека сум член, и таа е па сме зборувале за тоа, и имам спомнато и на мајка ми. Друг никој не знае.
Хм, маж ми ме знае, мајка ми знае дека имам профил и доста другарки. Сигурно и мн ме препознале но океј, не се ни кријам.
Почнав да набројувам и сватив дека е долга листата, па ќе го сведам на: Знаат еден куп луѓе. Само една братучетка кажа дека ме препознала и дека ме читала, други не се имаат произнесено. На маж ми некогаш му читам постови од форумот. Од секакви теми. Секако сум гласна и во живо, за се' што имам речено на форумов, така да, никој што веќе ме знае, нема да е изненаден.
Само маж ми и брат ми. Брат ми е во фазон као пак ли дремеш на тоа форумот, ти не си нормална што читаш таму цело време. А мм не знаеше се до моментот кога направив тест за бременост и не ми беше јасно дали е позитивен или не, па за да не прашувам некој и да ме дознава ставив слика тука и прашав, а заедно бевме во тој момент и така дозна. Е сега и он ако нешто сме во дилема околу детето или слично ми вика прашај ги таму на форумот види што ќе ти кажат. Сакам да си останам анонимна и поради тоа до сега со никој од форумот не сум се запознала лично или да разменувам социјални мрежи, ниту пак на некој друг кажувам затоа што некогаш си пишувам доста лични работи што не сакам да ги знае било кои за мене.
Паа не, онака сакав во туѓо име да прашам нешто... Не го гледам тоа како некоја тема на муабет со оглед на тоа дека ќе ми почнат повеќето работни обврски наскоро, ретко и ќе пишувам. Во главно како за прв пат се изненадив од однесувањето тука, чудно некако со напади и фрустрирани ликови со кои реално никогаш не би дискутирала вака... Ама нека е, малце да живнат некои теми, досада да мине, мене забавно ми е.
Кога се зачленив кажав само на тогаш најблиските другарки, мајка ми и сестра ми. Меѓутоа, со тек на време се здружив и со членови од тука, така да голем дел од луѓето со кои комуницирам секојдневно знаат за форумов.
Слатка мала тајна, никој не знае ни нема да знае...Пред кратко се зачленив но брзо се навикнав, супер луѓенца има тука.
Никој не знае и мислам нема потреба да знаат.Се зачленив пред кратко време а форумов го следам веќе долги години.
Само другарка, никој друг. Форумов го сфаќам како олеснување од животот, а самата анонимност го прави тоа