Ме знаат и читаат и тие што никогаш не ми зборнале баш за форумов, а го искористиле за да ме повредат во живо. Поздрав.
Знаат сестра ми и една другарка. Форумов ми го збореше сестра ми долго време и решив конечно да ѕирнам и јас, ама се договоривме да не си ги кажеме никовите, така да поима немам која е, а она 100% ќе ме познае одма сестра дај ми знак ако читаш, скубни ме за коса или нешто, само нежно те молам
Сестрами и другарките знаат дека имам профил, ама не ми го знаат никнејмот, или можеби се прават дека не го знаат
Сестра ми и другарка ми. Но, единствено сестра ми ми го знае никнејмот, зашто единствено нејзе потполно и верувам.
Сестра ми ,и золва ми уз муабет и спомнав дека тука читав. Ама ни едната ни другата не ми знае никнејм. Можеби би ме препознале...а може и нема
За мене знаат дека имам профил ама не знаат како сум потпишана. Понекогаш мајка ми ми вика ,,доста дремеш на фемина".