Вчера се зачленив ама немам намера да кажам на никој дека сум член па најмалку да кажам како е моето корисничко име,ова си е моја тајна
За мене никој не знае ни дека сум член на фемина, а мислам дека така е најубаво бидејќи имам полна слобода на зборувањето и не морам да внимавам дали некој ќе ми чита и што ќе мисли за она што сум го напишала.
Знаат за форумот, знаат дека сум член..знаат некои теми кои сум ги спомнала, но општо без потенцирање дека се од овде....ни ник не ми знаат...освен ако се најде некоја која е веќе член.
Немам што да кријам освен никот...сите мои блиски знаат дека сум член, па дури и татко ми...некогаш и ме зеза -како Фемина... ...некако те нема (демек знае која сум, па ме чита ) Јас си го сакам форумов и на сите мои блиски пријателки топло и срдечно им го препорачувам. При тоа секогаш им нагласувам да си смислат корисничко име, некое оригинално за да не повторуваат со другите членови и да си го кријат, т.е. да не го кажуваат никому. Сметам дека анонимноста на сите би им дала поголема слобода на изразување, т.е. полесно би можеле да се отворат па и да си ги кажат маките. Две мои блиски пријателки веќе се членки, но не им ги знам никовите, ниту пак тие го знаат мојот. А и немам намера да ги дознаам ниту пак да се откријам себе си.
Дека сум член знаат мајка ми, брат ми и една другарка, а најдобрата го знае и никот. Ама не верувам дека ме шпиунира. Spoiler А и ако ме шпиунира А можно е и една членка овде, што сме од ист град да ме дознала која сум, можда во реалниот живот комуницираме, а овде се нагаѓаме кои сме.
Никој незнае и така и ќе биде Тоа што сакам да им кажам и пред нив да си се отворам ќе им кажам во живо, а феминкава си е моја приватност
Сестра ми ми го знае и никот и пасвордот На друг не ни планирам да кажам, но еднаш на другарките им кажував овде што сум видела па можно е да знаат дека сум член. Само една другарка знам дека е зачленета (но не знам дали е активна) можно е да ме препознала по мислењата
Јас сум „пропала инвестиција‘‘ , и тие што треба и тие што не треба сите ме знаат. Уште кога се зачленив им се кажав која сум, не ни знаев дека ке бидам вака активна членка и дека многу работи ќе споделам тука. Од првинта пишував ставови на одредени теми што воопшто не ми пречеше ако ме читаат ама работите се испревртеа. Имало период што сум сакала да пишувам и сеуште сакам, да се олеснам тука да се исплачам, ми идело да вријам, икс персони да испцувам.. ама зошто сето тоа некој да го знае, да ми ги знае проблемите? Мака ми е, многу ми е мака ама done is done.
Двете најблиски другарки знаат, ама никогаш не ме прашувале ништо во врска со форумов. Знам дека активно го читаат и некогаш ќе им спомнам што сум прочитала на форум, и тоа е тоа.
Никој незнае која сум што сум, на другарками и кажувам што овде читам ама тоа ти е тоа, Никогаш ме нема ни прашано дали сум член на форумов . Мање битно, овде сакам да се олеснам, да кажам што ми тежи на душава, може некогаш и таа ќе ме изнервира па мора да знае што сум напишала !? оваа е наша приватност и наша мала ( јавна ) тајна ... овде ти помагаат непознати личности кои воопшто и не те знаат која си и што си, и само од нив МОЖЕШ ДА СЛУШНЕП ИСКРЕНО МИСЛЕЊЕ .. така да , кулирам и не се замарам ... ВЕ САКАМ *
Моите дома виделе дека пишувам на форумов ама ништо не ме прашуваат, ниту пак ми го знаат никот. Исто така и другарките знаат дека сум зачленета.
Другарките знаат дека пишувам и дека сум членка на форумов и мноооооооогу сакаат да знаат која сум , но секако тоа нема да се случи! за жал, само една другарка знае која сум, ме препознала ама нема врска
На никој освен на дечко ми му го немам кажано никот. Ама милион % сум сигурна дека го заборавил истиот момент. Можеби само мојата цимерка случајно го има видено или можеби ми има и читано што сум пишувала... Ама здравје...
Па мајка ми знае дека пишувам на форумот и еден другар ( ако може така да го наречам ). И двајцата знам дека го читаат форумот но не верувам дека ме препознале , инаку ќе ми кажеа досега. Но, многу колешки и другарки препознавам во постовите напишани, но не верувам дека сигурно се тие.. А можеби и стварно се.
Па, спомнувам само дека читам, а не дека пишувам. Сепак, една школска успеа да ме препознае по постовите во полагање матура, кога и кажував што сум пишувала есејот ми вика - А ти ли си таа од фемина ?? - Е јас сум. Не сакам да кажувам надолго и нашироко која сум и што пишувам. На најблиските другарки некогаш им цитирам постови од фемина, ама не сум кажала дека пишувам. Форумот ми е издувен вентил, пцујам, колнам, клетви мавам, тагувам и се радувам. Мое лично катче за мал мир и тишина од секојдневието. Себично си го чувам за мене. Од претходно -лошо- искуство, би рекла дека е најдобро што помалку кажуваме лични податоци на форум. Луѓето се земаат сила од анонимноста, стануваат злобни, љубопитни и со намера да разберат што е можно повеќе за тебе. Кога би имала дечко, и него не би му кажала. Не е дека кријам нешто или што ти знам, нешто трагично, но сметам дека секој има слободно време и право да го искористи како сака. Тоа приватност и интимност да не спомнувам, нема што некој да чита за моите подеми и падови. Макар и најблизок некој, некои работи сметам дека е подобро да ги задржам за себе.
Другарките знаат дека висам на форумов и дека читкам, а дека сум член мислам дека не.. Сестра ми ми го знае никот бидејќи ми стои запомнето на комп ама ништо страшно си имам доверба во неа ..