Па не сакав никој да дознае , но пред некој ден мојата најверна другарка ме откри . Гледала низ форумов нешто и налетала на тема кај што сумм коментирала и кога излеговме ме праша дали сум тоа навистина јас, и јас и потврдив , нема зашто да ја лажам, и онака можам се да и кажам.
Mе знаат две другарка и брат ми. Сигурно веќе имаат забележано и моите дома, но не ми го знаат никот. Пред некој ден го забележав татко ми како чита мое мислење во „Здравствени проблеми“, како се изнасмеав, ама не му реков ништо.
Никој не знае дека пишувам, но верувам дека ако бившиот дечко некогаш отвори, сигурно ќе ме препознае по никот
Хахаха баш денес на мојата најблиска другарка и пратив една тема што ја отворив денес... Е пошто таа никогаш го нема читано форумов не чита ова незнам колку сватила дека ја сум таа.... пошто не ми кажа ништо за другите мислења што ги имам напишано само за ова коментиравме што и го пратив..
никој не знае која сум моите сигурно имаат видено и дечко ми валда али не ми го знаат никот а и не верувам дека некогаш ке им текне дека сум јас.. освен ако детално не ми ги читаат сите мислења
Не другарките не знаат дека сум на форумов, ни па јас знам дали некоја е, знае сестра ми, ми го знае и никот и пасвордот но никогаш се нема уклучено
Само сестра ми ми го знае никот,за друг не верувам,освен ако ме нема препознаено некоја другарка по постовите
Никој не знае,и подобро ми е вака бидејќи уживам во приватноста што ми ја нуди ваквиот тип на комуникација.
Никој не ми го знае никот ,а и нема потреба. Тоа си е моја лична работа ,всушност ,кога сум со пријателите воопшто и не разговараме околу тоа.
Знаат, не сите, но некои знаат. Не е дека при секое седење зборувам за форумов - а искрено од моите пријатели и ретко кој да го знае сајтов и форумов, но тие кои знаат дека постои знаат дека пишувам тука. Пред се настана интересна ситуација - со кој си? Е кои ти се тие другарки? Како тоа никад не си ги спомнала? И така морав да објаснам од кај ги знам феминките Со една другарка исто седиме, и збориме за шеќерната паста, и објаснувам, ми вика е од кај ти е идејава? И викам па Фемина И и објаснив која сум што сум, ама и да не и објаснев лесна работа да ме препознае. Една другарка која случајно ја следи Фемина, а знаеше дека пишувам, но не знаеше под кој ник ми рече - веднаш те препознав, вика, како во живо да те следам со таа разлика дека е напишано. Така да лесна работа за оние кои добро ме познаваат, да ме препознаат по пишувањето. Тоа е тоа, таа сум и ако ме препознаат пријателите, не ми пречи, затоа што оние блиските, а воедно и единствените кои би можеле да ме препознаат на форумот и онака веќе ги знаат за мене сите работи кои ги пишувам тука За останатите - сум табу. И така сакам да остане. Можеби ќе знаат која секс поза ми е омилена или што мислам за одредени донесени закони во државата, но не морат да знаат кој лик се крие зад тие размислувања и ставови. Сувишно е и излишно.
Не знаат и не гледам зошто би знаеле, форум е. Препознав сама 3 девојки што ги знам, па никому ништо. Мене не би ме познале другарките и да ме читаат, пошто немам ништо такво пишано, по кое би ме препознале. Можеби боја на коса само и град.
Маж ми и блиските другарки знаат дека сум на форумов и стално ме зезаат. Што ќе ти е форум не имаш нас за да си олесниш душичка Ама иди па докажи на некој кој несака форуми дека не е се до олеснување Не ми го знаат никот, а и да им го кажам џабе, нема да запамтат. А стално ме зезаат, ако има некој од нив проблем - пиши на тоа форумот, може некој ќе даде добар совет. Пред една недела имав смешна ситуација- Доаѓаат двете внуки на мм, и се тепаат која попрво да се уклучи на нет и ајде викам греота да не се караат им го дадов плус и лап топов. Ама скроз заборавив дека би можеле да се уклучат на Фемина. И двете прво тоа И на двата компјутери ми е зачуван никот и пасс-от. И кога гледам им викам- Ооо чекај, бришам тоа и се уклучија. И после тоа ме напнаа и ти ли пишуваш на Фемина, кој ти е никот, па тоа е форум за помлади( ко јас 100 години да имам ) Среќа што не ми го видоа никот иначе се што сум пишала ќе беше прераскажано на потесна и поширока фамилија. И следна ситуација- Овој профил на Фемина беше на братучетка ми и вика ајде ако сакаш земи го ти овој јас немам веќе време да се уклучувам бла бла и јас го земав( глупа што не си отворив свој). И сега кога ми ги чититаат постовите, има некои нејзини другарки кои и го знаат профилот и и се јавиле демек од кога имаш ти 29 Ми вика она, леле требаше да си направиш свој профил, неможам да се дообјаснам со другаркиве дека си ти. Јбг тоа е
Знае сестра ми а и дечко ми Многу сум глупа,како ме фати...Тој спиеше а јас релаксирана сум се запишувала,а тој спие на креветот свртен накај компјутерот.Се разбудил и видел дека сум распишувана,и станал позади мене и виде Среќа шо пишував нешто за шампони и регенератори Ме праша кој ми е никот му го кажав а за пасс не ме праша.Ама мислам дека има заборавено,еднаш пред месец два,ми рече пишуваш ли уште глупости таму Пффф,му реков јас си заборавив и ник и пасс,ми беа запишани на ливче сум го изгубила И мислам дека поверува А се согласувам дека не треба да кажуваме на други,шо има потреба да знаат сите?Сестра ми откри случајно оти ми е зачуван никот и пасс,а користиме дома ист компј.
Никој не знае дека сум на форумот, а и нема потреба Во скоро време го направив, што не значи дека во иднина никој нема да дознае
Го знае само едно девојче кое порано ми беше другарка и јас и го знам незе но не ми е важно бидечи повеќе не се дружиме така да исто ко никој да не ми го знае