Само дечко ми знае дека сум на фемина, но не ми го знае никот и пасс, до толку не го интересирало. И ако некој ме препознае, тоа е се. Сметам дека нема потреба да кажувам на некој друг.
Па и дечко ми и другарками знае дека од време навреме читам овде али не знаат дека сум зачленета.Другарками можи се сомнева оти и таа чепка низ форумов ама не знам дали ми го знае никот
незнае никој..освен..мама..она секогаш ме глеа коа коментирам на некоја тема..коа шкрапам по тастатура..
Никој незнае а и нема потреба да се дознае. Дечко ми знае дека „само“ прелистувам по форумот, но не и дека имам акаунт. Форумот на фемина ми е како личен дневник во кој можам да си кажам што имам а воедно и ќе ми врати одговор
Никој освен сестра ми не го знае корисничкото име, и мислам дека нема потреба други да го знаат ќе се наруши приватноста.
Со оглед на тоа што кога живееш со него неможеш да скриеш,ете официјално и му соопштив на мојот дека не само што листам на фемина туку и си пишувам .Некогаш кога пишувам нешто ќе читне под око,ама никогаш не ми рекол кој ти е пасс дај да видам што пишуваш!
Никој не знае дека сум зачленета...а на мојата најверна другарка и на уште некој им имам спомнувано за некои интересни мислења...за некоја феминка и така...ама никој не знае дека сум зачленета
Дечко ми ме знае само и си ме чита тук-таму, мада многу не се замара какво тампонче ми треба или на колку саати си ја менувам влошката. Некои другарки исто знаат ама не ми знаат ник, ниту ги интересира пошто не се многу по форуми. Така да, си ја отварам душата до максимум.
Знаат две другарки, и тие исто така се членови, но не си ги знаеме никовите, а баш ме интересира кои се. И подобро да не знаат, зошто колку работи сум пишувала за кои немам доверба да им кажам, па и за нив дветте сум се жалела овде .
Една другарка (братучетка) знае .. во останатите немам толку доверба за да кажам .. ептен ако некој не ме познал по постовите
Знае само мајка ми дека сум зачленета, не чувствувам потреба да им кажам на другите зашто ако им кажам ке ме прашаат како си потпишана а тогаш нема да ми биде пријатно да ги пишувам своите мислења кога знам дека некој познат ѓи чита. Освен за мајка ми тоа си е моја мала тајна
прееска случајно ми беше оставен профилот отворен и братми седнал на комп. и почнал да ги чита мислењата и да ми коментира Дечко ми знае дека пишувам и ми го знае никот , ама шо ако и така не разбира македонски и нема сигурно да иде да преведува шо сум пишала Ме прашал каков форум е убаво му објаснив и само ме потрашува на какви теми разговараме ххехех
Никој не ми го знае никот..мислам дека и не треба..ако го знаат се губи приватноста..овде си ја споделувам мојата интима и искрено не би сакала луѓето около мене да знаат баш се.
Моите знаат. Не дека ќе седнат на форумов и ќе ми ги пребаруваат мислењата... А, и да го направат тоа, многу ќе откријат.
Јас сум горда што сум дел од овој форум. Знаат моите луѓе дека имам тука профил,дека сум активна.. Не дека нема што да кријам,но едноставно форумов е дел од мене,а сите што ми значат знаат за мојот виртуелен живот на форумов. И не ми е никаков проблем ако ме дознае некој,јас попрво би си ставила слика од мене ако можам,но мразам да се сликам. Одамна ветувам тука дека првата прилика добра слика,ја ставам тука.