Не сум им кажала, ама и да знаат - не би ми пречело. Мислам дека сестра ми знае, затоа што иако имаме свои посебни компјутери, една до друга седиме па веројатно видела дека пишувам.
Знае само една другарка Иако не сакав да и кажам, самата виде кога бев логирана од лап-топот наку не би кажувала, тоа си е потполна приватност и да можам слободно да ги искажувам мислеењата без да си мислам дели некоја другаррка или другар ке го прочита мислењето, па што ке речче, ова она
Моите не знаат и нема причина зошто би знаеле.Оваа е моја приватност и сакам да си ја оставам душата тука без да се грижам дали ке види некој,па што ке каже,што ке помисли .. whatafuck толку.
Знае најдобрата другарка затоа што заедно решивме да се зачлениме, двете. И уште една другарка знае, затоа што беше кај мене и заедно ја разгледувавме темата Вашите нокти и кога стигнавме до моја слика имаше момент од типот: Еј, исти нокти како твоите!!.. И така дозна. И сестра ми ми се мота над глава секогаш кога сум на компјутер, гледа дека сум нон-стоп на фемина, но никогаш не сум пишувала во нејзино присуство.. Можеби се сомнева дека сум зачленета, ама не верувам дека никот ми го знае..
мојата приказна со Фемина започнува вака... Си напраив прво еден акаунт зашто ми требаше да прашам нешто. и ај ми се виде интересно и си го користев тој акаунт околу една недела се додека дечко ми не дојде кај мене дома и ја додека му ставав сокче низ кујна ова она, он си буричкал у ком и видел ја неодлогирана и си шеткал по мислења. ја па се сум ставала слики во Згодни Момци и Кого би сексале од естрада ај опасно што се испокаравме, го баталив и акаунтот, т.е. сменив пасворд и коа требаше нели да потврдам од меил ја блокирав адресата на Фемина и не ми стигна ништо за потврда. фактички ми умре акаунтот на почеток тоа и ми беше страв да не мислат дека двата ги користам истовремено па да ме бануваат, ама се смирив коа ми кажаа дека не, пошо тој згина одамна ај помина тоа што помина и после некој месец си седнав така одлучно лајк а бос и решив да си направам асално акаунт и му кажав. и сеа знае он која сум што сум се, се пуштам и од кај него, затоа не ни пишувам во секс теми и он си има машки ама има прашано само 2-3 работи мене што ми било глупаво да прашам а вака кои се знаат, па ваљда мајка ми и брат ми пошто кога ми влагаат у соба гледаат што ми е отворено, мада ништо ми немаат искоментирано до сега. инаку форумов е погодно место за стекнување пријатели. од тука си запознав една што сега многу си ја сакам.
За форумот знае маж ми, ама не ми ги чита мислењата, си имаме различни ком. Он дозна кога отидов да варам кафе сум заборавила да се одлогирам и ми го виде никот Инаку знам дека и снашката моја и една другарка е зачленета ама не знам кој се и мислам дека така е подобро. Мислам дека ако ги прашам ке ми кажат ама подобро е вака, секој со својата приватност
Не кријам од никој дека постојано дремам на форумов. Пријателки, другарки сите знаат дека постојано го читам и посетувам форумов, но на никој си го немам кажано корисничкото име. Едноставно не кријам, но сум немала ни потреба да кажам некому. Знам често да кажам прочитав на Фемина, или прочитав на форумов, па веројатно тие самите се свесни дека сум регистрирана. Покрај пријателите, знаат и мајка ми, брат ми и дечко ми. Единствено корисничкото име ми го дозна брат ми, кога влезе во соба и ме виде како коментирам. Сепак јас не кријам ништо и немам проблем дека некој ќе ме дознае
Чувам во строга тајност, верно како што се чувал клучот од појасот на невиноста. Сега за сега не знае никој, брат ми знае да ми зјапне во компјутер ама јас елегантно минимизирам во тие моменти
Немам кажано на никој, а се надевам и дека ме нема некој откриено...Ако некој мисли дека ме знае, грешка е, се препознал Едит-освен мм, но не ме чита, реков забрането е
Само еден другар и другарка, кои ми се најблиски знаат дека сум членка на форумов. Другарката еднаш виде како сум потпишана, но тоа беше уште на почетокот кога не зборував многу за тоа. Незнам дали сега го памти, но и да е тоа така, не ми е проблем. А дека често листам низ форумов знаат уште една другарка и дечко ми. Ми се чудат што правам толку време тука .. но ајде, јас си знам.
Само една другарка сега знае, ама не знае како сум потпишана. И таа била тука некаде, ама ни јас не знам која е. Ќе ја најдеме , ќе ја најдеме
Mене никој не ме знае. Сум зборувала со најдобрата другарка дека имам акаунт на фемина, ама ништо подетално околу тоа. Никогаш не сум си го спомнала никот.
Никој не ме знае ,освен една другарка на која не и кажав туку ми рече те најдов на фемина на форумот дека пишуваш ,ма да јас искрено не кријам дека си пишувам на форумов
Само една другарка знае, дури и името, ама знам дека не ме чита зашто воопшто ни форумов не го посетува. А и да чита, ништо страшно и онака се и кажувам