а има ли начин да не се зачувува никот? колку се нервирам! 21-ви век сме еј! зар нема таква опција? кој е одговорен за ова? (сосема сум смирена дур ги пишувам прашањава)
Oткако ќе се одлогираш стисни на местото кај шти си го пишуваш името, и Delete го. Така нема да може да ти го најдат Иначе никој не знае како ми е корисничкото име. Знаат дека редовно читам, некои и дека пишувам но под кое име не знаат а и не планирам да кажам, вака имам повеќе слобода
Никој не знае и се надевам дека нема ни да дознае. Форумов го гледам како засолниште, место кадешто можам да избегам од сите, (пошо 90% од оние коишто ме опкружуваат шират само негативна енергија, стрес и нервоза) да си кажам се што ми лежи на душа и да си го наполнам мозокот само со позитивни мисли.
Никој незнае дека сум на форумот, никогаш не би кажала ни ник ни ништо... сепак ова а анонимно, има совети проблеми...тоа сепак е моја приватност
За жал ,две мои пријателки дознаа како ми беше името на стариот профил, па јас им пишав на администраторите за промена на името, но не добив никаков повратен одговор. И тогаш решив да престанам да го користам тој профил и си го направив овој . Сметам дека пријателите не треба да знаат за мојот профил на форум, несакам да ми ги читаат мислењата , можда имам пишувано некои работи кои дури ни тие ги немале дознаено за мене.На форумот можам сосема да се отворам, да си ја испразнам душата.. Не би ја имала таа слобода која ја имам сега доколку пријателите ми го знаеле сегашното име на форум. Иначе на форумов сум пред повеќе од 2 години
Никој не знае дека сум на форумов и никој ни не треба да знае затоа што на форумов можам да кажам се.
Незнаат ни дека сум зачленета на форумов,а камо ли ник да ми знаат. И мислам дека не требаат да знаат,затоа што го сметам за моја приватност. Никот ми го знае само брат ми,бидејќи делиме ист компијутер,и една другарка форумџика со која се заневме онака од само што се гледавме,ама благодарение на форумов станавме многу блиски.
Не знаат. Никој од поблиските пријатели не знае ни дека сум зачленета на фемина, а не сакам ни да дознаат за мојот ник бидејќи сметам дека ова е моја приватност.
само една другарка ми го знае никот ама после ја натерав и неа да се зачлени на форумов и толку. И други другарки знаат дека сум членка и честопати им кажувам колку интересни работи има ама ништо подетало
Сите знаат дека сум зачленета на форумов,ми ги читаат мислењата понекогаш се смееме,а понекогаш знаат да ме прашаат зошто сум дала таков пост.Имам и пријателки кои се регистрираа на форумов негледам ништо страшно во него,едноставно ми е супер се релаксирам понекогаш знам да се насмевнам,но нешто и што сум прочитала ме натажило...Едноставно уживам Поздрав до сите Феминки
НЕ не знае никој , а не ни планирам да кажам .Па не сакам сите да знаат што ми се случува во животот.
На училиште го отвараме форумот, читаме што не интересира, сите го фалат, го фалам и јас. Но сепак, не сум кажала дека имам профил и дека го користам. Мислам дека тоа не е нивна работа и незнам зашто би ги интересирало ако имам. А и онака, она што го пишувам е она што го мислам и го споделувам со нив на одредени теми. Не сум тука една, а таму друга личност.
Па сепак форумов би требало да е анонимен.Не дека ми смета толку ако некои блиски од фамилијата или другарки дознаат која сум на форумов.Но,ете некои работи може погрешно да се сфатат или пак да се извадат некои лоши муабети.Доволно ми е на фејсбук што треба да внимавам што пишувамда не се сфати погрешно.Тука(додека сум анонимна,ако сум сеуште ) можам слободно да пишувам без да мислам кој како ке го сфати.
Знаает неколку другарки. Многу се каам за тоа.. ама ајјт. од ко ќе кажиш нешто зборот не се поврајка. затоа.Пазам што пишувам.... инаку со неколку девојки си имаме фб разменето.. За тоа баш ми е мило.