Знаат 2-те најдобри другарки која сум и што сум. Добро еве ставам и слики во кртиките, сигурно дека ќе ме знаат нели. + најдобрата другарка се зачлени сега така да тоа е.
Ме знаат сестра ми и другарка ми. Дечко ми и останатите другарки знаат само дека киснам на форумот, ама не и дека сум зачленета.
Ни пријателите,ни семејството.Можеби имаат претпоставка дека сум зачленета,но никогаш не би им кажала под кое име.Форумот си е моја приватност,мои емоции,мои доживувања на нештата.
Никој не го зане никот.... но сестра ми знае дека постојано сум овде откако се зачленив, ми вели дека сум патетична што не се одделувам од овде... мислам дека претерува.... многу ме иритира...
Досега никој незнае,а нема ни да дознае.Барем тука можам да си кажам све што ми лежи на душа за некои личности.
Двете најдобри другарки и некој други знаат дека киснам на фемина ама не ми го знаат никот, само они 2 ми го знаат никот
Местово ми е топ сикрет. Втора тајна опасна по живот која ја имам откако постојам. Што се сум изнапишала тука , штета ќе биде да не останам анонимна. Ќе ме погубат без око да им трепне.
Знаат 2 другарки и брат ми. И многу жалам за тоа, ич нејќам кога другарка ми ќе ми зборува за тоа што или како сум напишала.
На неколку другарки им имам спомнато дека го читам форумов но не и дека пишувам. Исто и сестра ми знаеше дека читам, а сега мислам дека претпоставува и дека пишувам, но не ми го знае никот. Ќе се потрудам и да не го дознае Дечко, родители...нема шанси. Ник и пас не давам на никој, ова е мое лично катче што љубоморно си го чувам
3 другарки ми го знаат никот али не збориме за тоа а и они не одат на форумов само ако им затреба нешто.
Строго чувана тајна ми е форумов, никој не знае дека поминувам време секој ден читајќи ги тука темите
Мајка ми,сестра ми и уште една другарка.И таа е зачленета на форумов но многу ретко се вклучува „АngelaZ1 " можи и да ја знаете..