Дали некој ја има прочитано "Играта на гладните" зад книгава се дигна огромна прашина... Навистина ли толку вреди Да ја купам или не, иако според мене секоја книга има своја вредност и посебна мудрост со различни животни поуки...
Брида беше за една девојка што има посебни способности, гледа светла точка над рамото на сродната душа.....така нешто беше?
И мене ме интересираат критики за оваа книга следна ми е наред. А инаку сега ја дочитувам Брида добра е
Бесот на ангелите е дробра книга...има и филм според нејзе од 90 и некоја година ако добро се сеќавам. И тој е мн добар.порано нон-стоп си го гледавме со мајка ми
Јас ја имам читано и ми е имилена од Шелдон.Многу добра книга,се зборува за 3 цимерки и нивните животни приказни, да не ти откривам прочитај ја обавезно
"Гневот на ангелите" мене не ми е прочитана ама после коментариве наредна ќе е изгледа, од оние што ми се прочитани од Шелдон и ми оставиле добар впечаток се "Крвна врска" а од поновите "Другата страна на ноќта" Ги препорачувам, а најдоброто кај неговите дела е тоа што никогаш не можеш да го предвидиш крајот а во текот на читањето постојано изненадува со неочекувани пресврти
Леле книгава! Ако некој ја нема читано-да не ја чита оти е катастрофа! Ако некој пробал да ја чита-знае зошто имам вакво мислење. Ако некој ја прочитал-алал му вера. Поглупава книга одамна ми нема паднато в раце.Не што е досадна,туку е потполно бесмислена.Нема никаква поента,нема ни почеток ни крај,можеш да почнеш од било каде да читаш,ако сакаш и од назад нанапред.Нема ни главни личности,ни заплет,абе ништо....цело време неповрзани глупости.
Ванила и чоколада од Звева Модијани , некој да ја читал? И ако ја има читано препорака молам , се мислам да ја земам...
Вчера ја почнав, денес ја завршив. Една од најубавите книги кои ги имам прочитано Крајот нималку не ме изненади, бев уверена дека Пејџ не е виновна. Топло им ја препорачувам на љубителите на криминалистика Да не бидам офф топик, ја има некој прочитано Белиот ден од Џек Лондон?
Случајно во една продавница видов една книга и насловот ме привлече, не се сеќавам баш како беше, нешто се спомнуваше девојката што сама влезе во оган, така нешто беше, ај ако знае некој нека ми пише.