Tоа е трилогијата од Стиг Ларсон - Милениум. Девојката што си играше со оган е вториот дел, првиот дел е Девојката со тетоважа на змеј, а третиот е Девојката што го урна осилото. Сите три дела се прекрасни, вредни за читање
А потоа...Гијом Мисо? -Коментари,критики? Се мислам дали да почнам вечерва да ја читам или да чекам до утре и да си земам некој друг наслов од библиотека.
дадете ми идеја, некоја интересна романтична книга, онака опуштена без многу замарања и податоци... или пак нешто од секојдневниот живот, немора да е таа пуста романтика )
Преубава, давам зелено светло. Моќна и многу посебна, не е книга што ја читаш за еден ден, ја фрлаш и ја забораваш.
Ми останаа уште последните 50 страни.Преубава е,уживам во читањето,морам да го изгледам и филмот и да видам дали е онака како што јас си го замислувам додека ја читам.Прекрасна книга nena2010,а како се вика филмот?
Ауф не не Аманда Квик значи ни една книга од неа до сега не ми се допаднала,дури не се сеќавам што се случуваше во оваа пошто сите ми биле досадни,ама тоа е мое мислење може некој друг ќе ти каже дека е добра
и ја се согласувам со 1209 и мене ми се мн досадни книгите од Аманда Квик незнам зашо и ја нишо не се секјавам шо читам ..=//
Мене пак не ми беше толку лоша. Можам да кажам ми беше просечна. Прочитај ја секоја книга вреди да се прочита
Катедрала на морето чинам ја читав минатото лето, беше една од оние книги кои ми оставија впечаток, некои делови од книгата длабоко ми се врежаа. Кај мене книгава пробуди повеќе чуства, на моменти ми навираа солзи читајќи ја трогателната судбина на едно сиромашно момче кое ќе успее во животот, кое ќе успее да го изоди трнливиот пат исполнет со омрза, презир, измама, предавство, немаштија, љубов... Јас би ти препорачала да ја прочиташ, верувај дека нема да те остави рамнодушна, барем мене ми остави таков впечаток.
Ловец на земјови-Халид Хосеини мислам се викаше авторот?! Гледам мајка ми ја чита, а неа и да ја прашам дали е добра не и верувам, различен вкус за книги имаме
Ја имам читано Илјада неверојатни сонца од истиот писател,многу добра книга, не се сомневам дека и оваа му е одлична,зашто многу добри критики има.