Kнигата е предобра баш сега ја пишав во листата на книги кои би ги препорачала.Mногу трогателна приказна, вистинита пред се, се зборува за Војната на розите во Британија,посебно добра за оние кои ја сакаат Aнглиската историја.Oдлична книга, една од моите омилени.
Колачиња за појадок добра е ама од Дорти Кумсон повеќе ми се допаѓа Ќерката на мојата најдобра пријателка.
За сите што се двоумат дали да ја прочитаат Игрите на гладните ви препорачувам да ја прочитате, нема да зажалите. па не за џабе се дигна толку прав околу книгата. И мислам дека ке има и втор дел.. А да ве прашам дали некој ја има читано Патот по кој поретко се оди - Скот Пек? Ми спомнаа дека била тешка книгата, психолошка. Ај да слушнам ваши имресии.
Книгата мора да се прочита! Секој што ќе има можност, да не ја испушта! Ова е една од ретките книги кои имале привилегија да се вљубам во нив.
Ако си љубител на книги од ваков тип книгата многу ке ти се допадне .Верувам дека книгата нема да ја прочиташ во еден здив бидејки овоа е тешка психолошка книга јас лично ја читав долго време на на многу делови од книгата се навракав по многу пати. За мене дефинитивно една од најдобрите книги од областа на популарната психологија , сега сакам повторно да ја земам и уште еднаш да ја прочитам. Многу извадоци од книгата ми останаа врежани во секавањето,на многу делови останував подолго време и се продлабочував . Оваа книга ме натера многу да размислувам , на теми кои никогаш предходно немам размислувано Инаку Скот Пек е психотерапевт па во книгата има изнесено многу истории на неговите пациенти
Да ве прашам дали некој ја има прочитано книгата "Кој ке плаче кога ке те нема-Робин Шарма"незнам ништо посебно за книгава освен што некаде имам прочитано дека била многу убава и незнам на која наша позната македонска фаца и е омилена,па некако ме привлече насловот на книгата.Ако некој ја има прочитано нека пише дали вреди да се најде и прочита!поздравче
Книгава некако е монотона и по малку досадна.Речиси цела е во раскажување,без директни говори.Темата и е убава,ама на досаден начин е пренесена.
Не дека не ми се допадна ама не е тоа што ја фалат толку, досадна е малку. Прочитај ја тебе може ќе ти се допадне. Многу лесна книга за читање така да и ако ја прочиташ а не ти се допадне нема да ти биде мака. Има неколку интересни примери што ќе те позамислат малку а останатото е се дежа ву
Треба да ја пишам во книга која ми го промени животот. Ти ја препорачувам, не само да ја прочиташ, туку и да се научиш да ја применуваш секојдневно
Зависи дали сакаш ваков тип на книги. Јас овие психолошкиве не можам да ги смислам. Од оваа прочитав неколку страни и мислам дека ќе повратев Затоа, зависи дали читаш вакви или не.
Просечна, не е нешто воодушеувачки. Ако сакаш љубовни книги прочитај ја. Ама сепак ке кажам дека не е ништо посебно, ниту ме расплака, ниту ме растажи.