Моќта на поТсвеста Исто и јас не можев да се начудам која глупост е,ја читав и повремено превртував очи и се смеев.
Прекрасна е. Би ти ја препорачала англиската верзија, мислам дека со преводот е изгубена голема длабочина на некои дијалози и монолози, или па барем јас така ја доживеав.
Јас сакам да прашам две работи. Мислења за љубовен живот и последниот ангел. Само тие ми се почнати а недочитани, ама некако и не ми вреди според почетокот да ги читам. Ај кажујте дал да се премислам али да ги оставам да фаќаат прашина. И, Гијом Мисо нели има 4 книги. Затоа што те љубам, а потоа, што би правел јас без тебе и како се викаше 4тата? И дали ја има во топер? Овие три ги имам, ама за 4тава сега ми текна. Има да ја купам веднаш што ми се укаже шанса.
Ако ти се свиѓа начинот на кој пишува почни ја нема да згрешиш. Држи во неизвеснот како што си знае, ама океј е книгата.
Љубовен живот јас ја започнав и неуспеав да ја довршам ми беше досадна знам дека има многу еротски делови ( јас не стигнав до нив ) . Ако ја прочиташ баш ме интересираат коментари
^незнам можеби не ја сваќате колку и да изгледа смешна и патетична мене многу ми помогна (ако не друго барем по позитивно да размислувам)
Замислувај постојано дека сакаш да си богата и повторувај: Сакам да сум богата, сакам да имам пари, сакам Мерцедес А класа...Опседни се со овие мисли, и гарант ќе се збогатиш... Уф, омилена ми е, и филмот е супер али сепак книга си е книга...
Не вие била за лектира??? Ние во пето одделение ја обработувавме. Инаку колку што можам да се присетам добра книга беше знам дека тој период ми беше една од поомилените
Навистина незнам . Има книги кои буквално ме изместуваат од место, книги кои во периодот на читање и по читањето ме тераат да живеам во некој друг свет, но ете Моќта на подсвеста, па и Целестинско пророштво се книги за кои мислам дека треба барем уште еднаш да ги прочитам (некогаш) .. се нешто како да се губам, да не ја сваќам поентата, да го губам значењето ....
Се сложувам за „Моќта на потсвеста“! Таа мене и ме наведе на правилно размислување... Дали некој ја прочитал и „Играта на животот и како се игра“? Таа МОРАТЕ да ја прочитате... Ќе добиете и одговори на некои прашања од самата потсвест...
„Играта на животот и како се игра“ ја немам прочитано ама ако ја најдам ќе ја прочитам. Од авторов ја читав "како да го добиете тоа што го сакате" нешто како продолжение е на моќта на потсвеста ама некако многу посложена ми беше, едно та исто само се повторуваше и не ја дочитав