Абе ти имаш читано лектири?? Таа ни беше во четвта година мислам. Драма се сеќавам поголемото дејствие се одвиваше во судница. Добра беше прочитај ја
Не знам што е чудно во тоа што прашува девојчето за книгава. Имам слушнато за неа, но ја немаме обработувано во училиште така да ни јас не сум имала прилика некогаш да ја прочитам. Се извинувам за оф-топик.
Уште во основно 5то/6то одделение се обработува. И ајде сте ја заборавиле иако не е за оправдување ич, али земете си ја за некој саат ќе ја прочитате. Срамота е да не си ги знаеме бар 10те најзначајни книги од македонската литература.
Абе малку си грешка ова што го имаш цитирано станува збор за две различни книги незнам на која мислиш А за Калеш Анѓа никој нека не не убедува дека ја нема обработувано!
Нема некој што да Ве убедува, туку така е. Калеш Анѓа како што сум информирана веќе не се обработува во поновата програма по која работат натставниците па и ние ја немаме обработувано, башка на книгата пишува дека е за осмо ... ( ја имам уште од времето на мајка ми -она ја има читано)..а ВИЕ што сте од постарите генерации и што ја имате читано(затоа што морало) не значи дека и другите морале да ја имаат прочитано баш таа книга.И воопшто не е срамота ако некој ја нема прочитано а верувам дека ги има многу. Темава се вика Дали некој ја има читано книгата? , јас фино лепо си прашав, а ако сум прашала тоа не значи дека не читам лектири/книги (тоа е премногу навредливо од Ваша страна) ако ја имате читано доволно е да дадете свои импресии, коментари и мала критика за книгата, што е согласно со темата и доволно е толку. А бурни реакции и од такво нешто стварно нема потреба. Не го сваќајте ова како некој вид на расправа, само сакав да ги потенцирам и исправам неточностите во вашите размислувања .. Поздрав
Да прашам некој што ја има прочитано „Дон Кихот„ дали е интересна книгата да ја читам или не знам дека е лектира за втора
Ги има ли некој читано: Розата на Севастопол - Катерина Мекмехон или Мандолината на капетан Корели - Луј де Барниер?
Мене искрено не ми беше интересна ама воопшто,ради неа ми напиша единиче проф.за првпат во живот по мајчин јазик,а немав добиено ни 4 дотогаш по Македонски јазик ,,,не ја имав дочитано докрај досадна беше.
Дали некој ја има читано: Далечината меѓу нас - Меги О'Фарел? Вчера ја започнав ама некако не успеа на почеток многу многу да ми го задржи вниманието.
Ова погоре е цитирано од sakamknigi.com Инаку и јас ја земав книгава еднаш, ама ја оставив, некако многу го тупеше и досадна ми беше. Ама еве за оваа книга изгледа треба да си поупорен
Дамата со камелии е преубава книга не се мисли одма читај ја Spoiler Се зборува за една куртизана која што е почината, се раскажува за нејзиниот живот.
Дали некој ја прочитал книгата Патот на душите од Мајкл Њутн? И ве молам споделете впечатоци,или препорака околу сличен вид на литература поврзано со хипноза,реинкарнација и слично.А за жал оваа книга не можам да ја најдам во библиотеката во мојот град .Симнав пдф верзија од оваа книга на англиски ама има многу зборови кои за прв пат ги среќавам .Хелп?