Книгата е психолошка, и се зборува дека се е до мислите, ако нешто го посакуваш дека ќе ти се исполни само црвсто да веруваш во него. Нешто во тој стил.
кога веќе ја имаш земено зошто да не ја прочиташ јас имам прочитано книги од Даниела Стил и ми се допаѓаат
Дали некој ја има читано Полноќни спомени од Синди Шелдон? Денес ја зедов од библиотека и незнаев дека е продолжение на "Другата страна на полноќта" Е сега прашањето е дали се многу поврзани и дали можам да ја читам втората без да ја имам прочитано првата ?
Јас ги имам читано многу одамна на српски и мислам дека ги читав обратно, не ни знаев дека се два дела. Не се нешто многу поврзани
Ја има ли некој читано Вештицата од Портобело? Многу го сакам Коелјо како писател, ама пред една година фатив пролистав и конфузно ми делуваше.
Вештицата од Портобело ја вратив во библиотека пред некој ден. Искрено, добра ти е забелешката за конфузноста. Почнав да ја читам и воопшто не ме воодушеви, бидејќи немаше интрига, возбуда, нешто што ќе ме тера да ги вртам страниците. Не би ја препорачала. Некако отскокнува од другите книги на Коелјо.
Интересна книга, мислам дека треба да ја прочиташ Јас ја прочитав пред неколку месеци. Ми беше интересна, ја прочитав за 2 дена.
Таа е една од најинтресните книги што ги имам читано, интересна ми беше отпосле кога ја анлизиравме со еден мој пријател и така двата ја сфативме суштината, таа книга не е лесна за да се сфати, па на многумина кои се обожаватели на простите викенд романчиња На тетка Даниела Стил. Сепак вреди да се пробаат многу работи кои таа ги правеше во книгата. бидејки навистина функционираат.
Дали некој ја има читано книгата Прибежиште од Николас Спаркс? Тато ми ја купил од Охрид, ми се јави да ми каже и баш се израдував
Леле и јас ја отворив темава за да прашам за истата книга Ја земав од библиотека ама досега немав слушнато за оваа книга Мислења ?
Ја имам книгата конечно, да завршам една друга книга па ќе ја почнам оваа. Едвај чекам Ако ја прочиташ пред мене , пиши.
"Хирамовиот клуч","Вториот месија" од Кристофер Најт и Роберт Ломас и "Светата крв, Светиот грал" од Мајкл Бејџент, Ричард Ли и Хенри Линколн? оддамна се канам да ги купам, ама многу би сакала да слушнам мислење од некој што има прочитано барем една од овие
Ќе почнам да ја читам ''Дваесеттата сопруга''-Инду Сундаресан,па кој ја има читано кажете ми каков впечаток ви остави?
Два дела се, првиот е Празникот на розите а вториот е Дваесеттата сопруга...Така мислам беше ако не сум грешка па да е обратно, одамна ми се читани...Добри се, можеш да ги прочиташ, онака женски книги... Едит Сега проверив на google прва е Дваесетата сопруга, втора е Празникот на розите, а имало и трет дел само тој не ми е читан...