Прва е Дваесетата сопруга, втора е празникот на розите. И двете се прекрасни и обавезно да ги прочиташ А за трет дел се смета Под мермерно небо, ама не се некако поврзани, иако книгата исто вреди да се прочита.
Пред некое време на нет читав за некоја книга, мислам од Фишер беше, се викаше „Поважно од љубовта“. Сакав да ја земам, ама заборавив и сега ми текна на неа. Ја имате читано?? Чекам и коментар...
Дали некој ја има читано книгата Господарот на прстените? Ако ја има нека пише издавач и цена-мислам дека е добра сакам да си ја купам.
Книгата е предобра, јас трите дела во три дена ги прочитав. Иако преводот не го биваше... јас од библиотека ја земав, ама мислам дека сега може на добар попуст да се земат трите дела.
Јас ја прочитав трилогијата и ми беше преубава, сепак сум голем фан на овој тип книги. И порационално е да се купат во пакет сите делови одколку поединечно така одобруваат попусти. Јас сум од Охрид и секое лето се ценкам на тезгите со книги на плоштад за да остварам подобра цена, да купам повеќе книги за помалку пари и знам дека одобруваат попусти на повеќе купени книги, .
Длабоко извинување за оф топиков, ама морам да ја прашам Теодора: книгите што ги продаваат на плоштад се нови или стари? Мислам, нови како од книжара или на старо се продаваат??
Вајт Ејнџл, дури сега го видов прашањето, инаку Ливинг ти одговорила правилно има и нови, но и стари книги јас имам налетнано на Маркес за 50 ден.
Дали некој ја има читано Затоа што те љубев многу ми ја фалат ..... и дали знае некој да препорача некоја добра романтична книга
За мене - прекрасна. Интересен стил на пишување. Збунка бев цело време...и цело време напнатост. Нема да зажалиш ако и посветиш 5-6 часа.
Затоа што те љубев не сум ја прочитала. А да ти препорачам ,,Дневникот на Сузан за Николас,,( прекрасна книга ) само не знам од кој автор, и ,,Одлука,, на Никола Спаркс. Тие ми се фаворити.
Џејмс Патерсон е авторот на ,,Дневникот на Сузан за Николас,, и навистина прекрасна книга, вреди да се прочита
Кога ќе одам во библиотека ќе ја побарам книгата ми се чита нешто романтично да ти кажам хахахахаах и фала за предлогот