Дневникот на Сузан за Николас - Џејмс Патерсон прекрасна книга ептен ми со допадна и јас ти ја препорачувам.
Дури сега ти го прочитав постов...ја имам читано ... и таа и другите...мн убава книга ти препорачувам, од срце, да ја прочиташ !
Дали некој ја има читано Ана Каренина јас сега ја зедов од библиотека 480 страни е ама ќе ја прочитам... се надевам интересна е
ја имам прочитано ана каренина одамна и ме замори книгата,мн ликови све ми се испомеша,авторот можел да обрне внимание само на побитните работи ама ај ти ако сакаш прочитај а
Почнав да ти одговарам и во претходниот пост, ама го избришав зашто едноставно останав без зборови од таквото површно оценување на Толстој. Извини, ама да се напише дека "авторот можел да обрне внимание само на побитните работи" - за Ана Каренина е неприфатливо. Буквално секој збор, секоја точка и запирка кај Толстој имаат значење. Нема многу ликови во книгата, напротив, само неколку главни кои се беспрекорно карактерно изградени и интерпретирани. Не знам на која возраст си ја читала книгата, напиша дека било одамна па можеби не си била читателски созреана за Толстој, но прочитај ја пак ако имаш можност, се надевам дека ќе сфатиш што сакам да ти кажам. Прифаќам негативна критика за овие гиганти од писатели само доколку е издржана и оформена после анализирање на делото, но вакви површни коментари ме вадат од кожа.
Да, прекрасна е настаните се прикажани многу сликовито, а и самата приказна остава без здив, според мене...
Дали некој ја има читано Спроти новите дни - И.С. Тургенов ја земав од кај братучедка ми и се мислам дали да почнам да ја читам.
Обавезно да ја прочиташ ! Подобар љубовен роман нема ...(се извинувам малце ќе сум оф топик) Дали знаете каде можам да ја најдам „Премиера“ од Иван Точко ?
Почнав да ја читам многу е интересна во библиотека побарај сигурно ќе ја најдеш Многу интересна на почеток сум ама Толстој со каква леснотија ги опишува работите чудо едно
Ќе почнам да ја читам Габриела,Каранфил и Канела од Жорже Амадо.Ја има ли некој читано,и какви критики би споделиле за неа?
Преубава книга. Напнатост и желба да се стигне до крајот. Едноставно брилијантно. Јас лично го обожувам Гијом Мисо и неговите книги. Ја читав и А потоа од него. Истата ме остави без здив. Читав и позитивни критики за Дали ме чекаш и планирам во најскоро време да ја прочитам. Дефинитивно добар стил на пишување.
Клетници? За лектира ми е,претпоставувам ја имате читано.Ме мрзи да започнам,ај малку мотивација ,добра е? Одма да и седнам?
Да и мене ми се допадна. Поинаква малку... Имам пишувано повеќе за ова во „Последна прочитана книга“ па ѕирни...
Бадем е мн контраверзна книга, затоа е интересна А Клетници? Седни читај ја и веќе никогаш не поставувај прашања кога се работи за класика