Абрахам Вергезе - Порта на солзите, ја купив без претходно да сум се сретнала со авторот или делото низ критики или што и да е, онака по интуиција, дали некој ја читал и импресии, бидејќи во моментов приоритет ми се други книги кои ми се позајмени па имаат право на првенство во читањето?
Дали некој ја има читано книгата "Избрана" од П.С. и Кристин Каст. Ја зедов сега од библиотеката, ми се виде интересна така на кратката содржина. Па ајде ако ја има некој прочитано нека коментире.
А Играј, играј, играј од Харуки Мурками? Од него само Спутник љубов ја имам прочитано. Интересен стил, а оваа добра ли е?
ја читав минатото лето , интересна книга ,смеење до солзи и на цел глас на глупостите и незгодите што ќе и се случат на главната хероина ,ќе се чудиш како може некој да биде до толку баксуз ,колку повеќе стискаш палци за едно нешто да и тргне како што треба нејзе ќе и се случуваат милион мали незгоди
Една од најубавите книги на 20ти век, задолжително четиво. Еко има неверојатна способност да заведе и да не те остави на мир до последната страница, но за неговите книги важи правилото - преживеј ги првите 100 страни за да го откриеш богатството. Многумина се откажуваат на почетокот, и никогаш не знаат што пропуштиле. Јас само Спутник Љубов не сум ја читала од македонските преводи, а од тие што сум ги прочитала Играј, играј, играј ми е омилена. Тогаш беше многу популарен Мураками кај нас, кога Три почна да го издава, а јас обично одбивам да читам популарни дела. Но во моментот тоа ми се најде и се најдов затекната, запрепастена и воодушевена. Преплетување на сон и јаве, фантазија и реалност, модерно и традиција, едноставно одлично дело, беспрекорно напишано. Читаш цело време и се прашуваш "добро што се случува овде?!?!". Ништо не е јасно, а упорно читаш со задоволство и не ни сакаш да се разјасни. Тоа баш правевме муабет со Пирамидата вчера, за стилот на Мураками - дека не може да се спореди со ниеден друг писател. Неверојатно свој и оригинален.
Јас ја почнав лани мислам беше и ја оставив. Да, од Фишер е, ама не ми се допадна. Болести, силувања, умирачки... Тоа беа работи за кои во тој период не сакам да читам, па ја оставив до пола книгата. И не би ја зела повторно! Читам од Фишер книги, ама оваа не ми се допадна!
Единствената книга која ја имам прочитано од оваа писателка и која ме воодушеви. Мене лично, ми се допадна книгава толку многу што ја прочитав за само едно попладне (можеби бидејќи навистина пленува, а можеби бидејќи ова беше првата таква книга која некогаш ја имав читано, чие дејствие се одвива за време на Првата светска војна ми се чини или Втората - не можам да се сетам). Книгава го опфаќа животот на девојката Барбара, од нејзините 16 години па се' некаде до зрелите 40-на години. Повеќе информации не би можела да ти дадам бидејќи од поодамна ми е читана и во моментот не би можела да се сетам. Во секој случај, вреди да се прочита! А, дали ќе ти се допадне или не - е прашање на вкус.
Мене книгата ми е една од омилените од Фишер. Навистина прекрасна и трогателна приказна. За Барбара се работи, да, за нејзиното животно патешествие
Одамна ја имам читано оваа книга и од сеќавање ептен ми се допадна Spoiler Како што се сеќавам стануваше збор за девојка која за време на војната ја спасува еден војник, се заљубуваат, спијат заедно и тој и ја дава адресата на неговата мајка да оди кај него и да го чека. Талкајки и барајки го домот на војникот ја среќава човек кој ја силува, девојката успева да се спаси и да отиде кај мајката на војникот. Мислам дека за оваа книга стануваше збор
Дали некоја од вас ја има читано " На Балканот и дождот мириса поинаку " од Гордана Куиќ? Баш вчера ја видов во " Убавина и здравје " како книга која ја препорачуваат. Не знам што се работи само го пишува следното Ова беше сосема доволно за да се заинтересирам за самата книга...
Крајно необична книга, направила своевидна револуција во литературата. Контроверзна е и не може секој да ја сака приказната. Всушност ретко некој ја сака приказната, повеќето ќе се згрозени, но сепак ќе ја признаат вредноста на делото. Хамберт Хамберт е педофил, но Набоков го претставил така што речиси можеш да го разбереш. Во тоа е генијалноста - навлегува во неговата психа, го пренесува едноставно како човек. Лолита е приказна за себе, име кое останало како поим кој означува прерано сексуално созреани девојчиња. Ретко во историјата на литературата се случува од некоја книга да излезе таков поим (кихотовски, карамазовски и Лолита ми текнуваат во моментов), што најмногу од се’ кажува колку е значајна оваа книга. Впечатоци... одлично дело, пренесува сцени кои се табу тема за нормалниот човек, но на суптилен начин што нема да дозволи да ја оставиш книгата недочитана. Х.Х. е дефинитивно пореметен човек, но Лолита исто така, затоа што своеволно влетува во таа врска. И многу реален крај има, комплициран американски апсурд. Читај.
Да, јас ја имам читано, малку поодамна и на српски јазик Miris kise na Balkanu. Ме воодушеви. Начинот на кој е проследен животот на ова семејството, безбројните удари кои им се нанесени. Забранета љубов, разочарувања ... прекрасно. Мене навистина премногу ми се допадна. Незнаев дека ја имаат преведено, можеби треба да ја прочитам и на македонски.