Мирисот на твојот здив, Љубов со мали букви или пак Книга за девојчиња, многу ми се чинеше таа интересна.
Мирисот на твојот здив ја прочитав пред можеби година дена ама не ми остави некој посебен впечаток. Не би ја препорачала.
Дали некој/а ги има прочитано Копилето од Истанбул од Елиф Шафак и Волшебникот од Џон Фаулс? Умирам да слушнам коментари и двете ми се во план за купување.
А некој ја има прочитано Го Сакам Њујорк?? Сакав да ја земам ама незнам дали е добра.. Исто и Девојката со Портокалите???
Девојката со портокалите на моменти ми беше досадна, но откако завршив со читањето ниту малку не се покајав бидејки на крајот ќе ја увидиш големата вредност што ја има книгата. Премногу е реална, а и содржи прекрасни реченици кои верувам дека нема да ги заборавиш
Мене многу ми се допадна, целата книга е исполнета со некоја тенка жица на емоции, и голема поука Топло препорачувам
Meне па Девојката со портокали ми беше досадничка, како лектира за 8мо одделение. Не дека не е интересна, ама според мене е многу преценета. Бестселер е, а каде каде има подобри книги.
Ќерката на чуварот на спомените не ја препорачувам. Може очекував многу, ама дејството беше премногу развлечено некако, мене воопшто не ми се допадна. На крај имаш чувство дека залудно си го потрошил времето.
Книгава прв пат ја започнував, па ја оставив. Ја почнав по втор пат и ја завршив. Вака, според мене премногу се опишувани непотребни работи. Но, сепак, различна е од другите книги кои ги имам читано - еден од главните ликови целиот живот го поминува со тешко бреме заради една грешка, а другиот лик цел живот живее во незнаење Во книгата се ми беше како да се бркаат мачка и глувче, се се вртеше во круг. Среќа, грешка, тага, тага, тага, среќа, грешка, тага .. Се на се - интересна книга полна со емоции (морам да напоменам )
Ја прочитав "Ќерката на ќуварот на спомените". Јас очекував многу повеќе емоции на крајот од книгата и се разочарав кога ја завршив...премногу се крева прашина околу неа-непотребно !! Кога почнав да ја читам ветуваше многу, идејата е добра, но таква приказна заслужува многу многу подобар крај...Оваа книга е една од ретките книги кои не би ги препорачала Дали некој ја има прочитано „Ловци на среќа“ ?
Се мислев дали да ја земам од библиотека. И таа што работи таму ми кажа дека е бестселер, па затоа не ја земав Сериозно, бестселерите обично ме разочаруваат, ама кога ја видов темава си викам ај да прашам, може грешам...
Здраво , дали некој ја има читано книгата "Крајпатни знаци" - Иво Андриќ , ве молам за одговор потребно ми е за семинарска , не можам да најдам од никаде податоци .... фала ви однапред
Здраво Freund. Преводот на македонски е "Знаци покрај патот", ја има во секоја библиотека (изданието е на Ѓурѓа, а во книжарите чини 100 денари). Мала книга е, лесно се чита, а Иво Андриќ вреди за посветеното време Тоа се всушност негови размислувања за животот, кои ги пишувал во текот на многу години, и не можат да се раскажат - мора да се прочитаат. Би излегла добра семинарска, во секој случај.