Леле и јас сакам да читам. Ама секогаш кога отидам да ја побарам во библиотеката се ми викат дека ја нема. А мене веќе ми е преку глава да се карам со нив. Уффф, едни арогатни, дрски абе.... немам коментар. Како може Лолита да ја нема, кога тоа е класика? Он топик. Има ли ја некој читано Кралот Алхохол од Џек Лондон?
Ја почнав, но кога видов дека се работи за перверзен ум и мало ороспиче, добив чуство дека читам Еротски приказни и изгубив интерес, па ја оставив до пола...штознам, некако ми се згади...
Интересна книга,вреди да се прочита,ти ја препорачувам! Сета суштина на книгата е да се претстави животот на една девојка,девојка која тргна по погрешен пат,го продава своето тело,но не се откажува од замислата дека еден ден ќе го најде човекот со кој ќе го помине остатокот од животот.Таа не ја сфаќа љубовта како останатите,туку смета дека ,, Вистинското доживување на љубовта е: да се има најскапоценото нешто на светот, без да се поседува`` Но пред се,се восхитувам на онаа што е претставено во оваа книга(читај: за жена) од страна на маж!
Ја има ли некој причитано Вистинско семејство од Тони Парсонс или Сопругата на дипломатот од Пам Џеноф?? И кои се вашите импресии? :geek:
Вистинско семејство ја имам читано одамна, меѓутоа книгата беше прекрасна, реална, впрочем како и сите книги на Тони Парсонс. Се работи за три сестри и нивната борба со животот. Да ја прочиташ, сите дела на Парсонс треба да се прочитаат. Сопругата на дипломатот ја купив од саем,не знаев дека Девојката на командантот всушност е првиот дел. Може да се читаат и одделно, меѓутоа поинтересно е да ги читаш по ред, повеќе ќе се внесеш во приказната, а и крајот на првиот дел е прикажан во вториот. Првиот дел завршува негде во средината на Втората светска војна, а вториот дел продолжува неколку години по војната. Има и поназад пишувано за оваа нига.
"Лондонград - од Русија со кеш" од Марк Холингсворт и Стјуарт Лансли ? Anyone ? Како големка ми седи и примамливо ми звучи, ама сакав да видам мислења од други.
Книгава е навистина многу убава...Сторија која објаснува како Лондон станал Лондонград и како им станал омилен на Руските милјардери... Мене ме фасцинира...се надевам и тебе, ако ја прочиташ
RainBow и sanjaeva, ги имам прочитано двете книги Само ме интересираа туѓи импресии и мислења, во секој случај мило ми е што и вам ви се допаднале
Како ми ги погодувате во последно време. Се викам црвено ми е една од омилените книги. Ретко претставување на уметноста на сликарството преку зборови, просто можеш да ги видиш боите. Покрај тоа што е комплициран трилер со интересна и уникатна нарација, нуди многу повеќе. После читањето буквално се чувствував побогата. Во неа има љубов, уметност и компарација на источното и западното сликарство, интриги, убиство, начнува и значајни религиски и животни прашања, но најмногу од се’ има љубов кон неговиот град, кон неговиот Истанбул. Памук ја пренесува атмосферата од 16тиот век во Истанбул толку живописно што можев да го почувствувам мирисот на улиците. Ми всади желба да можам некогаш да се најдам во таа величествена соба на азното на султанот и да ги видам делата од ослепените уметници. Има и контроверзни делови кои само ја дополнуваат сликата за едно време од историјата.
Јас ја имам читано иако не ми остави некој посебен впечаток, но нека тоа не те спречува да ја прочиташ. Во секој случај, книгата си има своја посебна убавина иако на прв поглед изгледа неинтересна (мене можеби поради недоволната информираност за обредите кои се изведуваат - целиот тој свет на магичната моќ на картите, Традициите на Месечината и Сонцето). Верувам дека пред да го напише делово, авторот се запознал со целиот тој свет за да може да го пренесе на лист хартија и да го овековечи во една таква загадочна книга. Планирам во иднина повторно да ја прочитам и да и' посветам поголемо внимание отколку првиот пат.
И мене не ми остави голем впечаток! Spoiler Станува збор за девојка Брида која сака да ја изучува магијата и се се врти околу тоа дека секое живо битие има свој друг дел