Ќе те заинтересира и ќе ја прочиташ за миг. Јас многу се внесив во приказната. Како и секогаш се ставив на местото на поглавните ликови во книгата, а кога се ставив на местото на мајката подобро да не кажувам какви чувства и желби имав на моменти. Препорачувам !!
А колку странички ? И авторката која беше ? Ми ја раскажаа така во кратки црти ме заинтересира па реков да ја земам . Инаку да мислам секоја девојка треба да ја прочита ... Наравоучение не е злато се што сјае !
Никаде без ќерка ми - Бети Махмуди со Вилијам Хофер,а колку страни мислам дека нешто околу 350 беше. Лесна книга брзо се чита. Станува збор за вистинска приказна.
Овие би требало да ги имате прочитано. Да ве прашам затоа Oколу колку страни се Улица-С. Јаневски Две Марии- исто така од Јаневски и Крпен живот од- С. Попов Фала !
Кралска крв од Харолд Робинс. Anyone? Некои ми ја препорачаа, а некои ми рекоа дека е губење време. Вие што ќе кажете?
Еврибади ја мислам дека ретко кој ја нема прочитано оваа книга, барем од оние 'читачите'... Прочитај си ја обавезно, а после можеш и филмот да го изгледаш, 'wuthering heights'...
Кралска крв е интересна, но површна, не се задржува долго во сеќавање. Рингишпил вреди да се прочита, приказната е за балерина која пред умирање се навраќа на минатото. За Оркански височини има и тема во Книги, можеш да побараш таму. И секако книгата обавезно да ја прочиташ. Само читај ја со внимание инаку ништо нема да разбереш и ќе се изгубиш во ликовите.
Дали некоја од вас ги има читано книгите: ^Осаменоста на простите броеви - Паоло Џордано ^Раѓањето на Венера - Сара Дунант ^Помалку од нула - Брет Истон Елис ??
Ранетиот орел-Милица Јаковлјевиќ?? Ја имам дома на српски, ама ме интересира дали е нешто поинаква од филмот или иста е како него?? Пошто имам 6 други книги кои сега би ги зела в раце, а оваа треба д аја вратам, па сакам да знам дали воопшто да ја почнувам...
Мене Колиба воопшто не ми се допадна, не ја ни дочитав. Почетокот е интересен, има дејство, но понатаму почнуваат разговорите на главниот лик со Господ. Имав впечаток како книгата да ја има пишувано претставник на некоја секта. За мене забегана книга и јас лично не би ја препорачала.
Колиба, јас ја почнав и не ја дочитав скроз до крај ... баш затоа што мразам паметувања, тврдења и такви работи поврзани со верба, Господ, и слично. Во книгата позади пишува дека ќе најдеме одговор на многу наши прашања од секојдневието, јас барем ни еден одговор не пронајдов. Почетокот на книгата сепак е интересен, како некоја драма, трилер, не знаеш што ќе се случи. Можеш да ја почнеш па види до кај ќе тераш.