Џон Фанте - Прашај ја правта - ja читам моментално, ама ме интересира дали некој ја прочитал, да ми даде општ коментар..
Најдобрата книга според мене... Ја барав долго време а кога ја најдов сфатив дека не сум ја барала залудно. Прекрасна е. Се чита во еден здив. Исто има и филм според неа, но книга си е книга неморам да објаснувам а за странички не се плаши нема ни да осетиш кога си ја прочитала. Нема да сакаш да ја испуштиш од раце.(можеби мислите дека претерувам ама многу ме трогна книгата. Браво за сите мајки на овој свет)
епа офи јас ја почнав и никогаш не ја довршив. ако сакаш да ја читаш биди спремна на големо концентрирање, доста тешка книга со многу ликови и слични имиња, загадочни теми, темни мисли и налудничави десјствувања. али ова е мислење од само првите 100 страни. еве кратко резиме Москва станува небезбеден град кога во него ќе се појават професорот Воланд и неговиот помошник. Овие сомнителни луѓе го отежнуваат животот на актерите, државните службеници и останатите кои се дел од режимот. “Мајсторот и Маргарита” е составен од три приказни меѓусебно поврзани на многу необичен начин, читателот е просто вовлечен во еден чуден сон од кој се буди дури на крајот. Читателот станува сведок на најневеројатни нешта: отсекување на глави, црна магија, одвлекување и грабнување, фалсификување на банкноти, самозадоволни луѓе кои се буквално разголени, Маргарита која лета над Москва во форма на вештерка, во потрага по нејзината очајна љубов – Мајсторот... во книгава нема недостаток од фантазија. поздрав
Да и немам некои посебни впечатоци... Не е тешка за читање, има убави мисли, ама се е веќе видено тоа од него... Лесно книгиче да ти пројде денот. толку!
Се работи за сатирично претставување на социјалистичкото општество и иронија во вистинската смисла на зборот. На Булгаков не му било дозволено слободно да се изразува, многу од неговите дела биле забранувани и затоа се изразувал на начин кој може да биде разбран површно или правилно, ако добро ја прочиташ и препрочиташ книгата. Инаку, Мајсторот и Маргарита била објавена долго време после неговата смрт, Булгаков за жал не доживеал да биде сведок на славата која ја заслужувал. Еднаш ги изгорел ракописите за ова дело, и потоа го пишувал повторно по меморија, иако некои делови не се довршени. Ракописите навистина не горат. Делото е всушност една религиска и политичка дебата. Ќе пронајдеш многу елементи и од нашево сегашно општество - корупција, страв од властите, ограничување на слободното изразување, размислување во тесни рамки кои ги наметнува државата и немање желба да се погледне малку пошироко. Мислам дека сега е поактуелна од секогаш. Некаде прочитав коментар дека ова дело нема вредност и дека е Алиса во земјата на чудата за возрасни. Веројатно токму тоа Булгаков сакал да го постигне кај плитките умови, лесно да ги забавува и да не си навлече неволја. Под површината на тоа што го читаш треба да копаш длабоко во случајов. Вреди.
,,Сексот и градот" на арапска верзија Се се мислам така пишуаваше Ме привлече корицата има многу интерсна корица со штикли и дневници Пишува се расправа за неколку девојки. Ја читал некој и ако ја читал каква е?
Дали зборуваш за Девојките од Ријад? Според описот таа ќе да е Не е нешто многу обемна и е лесна за читање. Интересна книгичка за животот на четири девојки, токму како во сексот и градот Смешна е, забавна е, тажна на моменти. Ако ја имаш да ја прочиташ
Ја читав неодамна,искрено интересна книга,но некако ми е несфатлива,на моменти ми е многу реална,а на моменти изобилува со фантазиски елементи.Доколку ја имаш прочитај ја...сепак секој на свој начин ги доживува нештата.Можеби сум пропуштила нешто или пак не сум била вдлабната во книгата па неможев да доловам нешто што би ме фасцинирало во неа
Јас ја читав на српско-хрватски и многу ми беше интересна. Е сега ако ја оставиме на страна нарцисоидноста на писателите де. Таа главно пишува за себе и од кој аспект ги гледа работите. Има еротски моменти, интересни цитати и мисли. Пишува за мажите во нејзиниот живот и за нејзиниот талент. Според мене, вреди да се прочита.
Дефинитивно вреди да се прочита, јас ја читав на многу ниска возраст крај на основно и ме шокираше толку отвореното опсервирање на сексуалните сегменти, ама има и низа психолошки моменти кои се предобро опишани во врска со изневерувањето и пристапот кон нов партнер потоа, штом ја помнам и после толку време верувај не е случајно, површната литература не ми остава траги во меморијата.
иииии еве ја на бирото ми стои ама стигнав до 30 стр и се откажав оти се ми се чинеше дека приказната е почната од пола (иако не ни знаев каква е приказната ) ама баш ме заинтересира и ке ја прочитам се надевам навистина е толку добра
Вреди да се прочита, да. Во тоа време кога била издадена за прв пат, предизвикала вистинска револуција, се сметала за контроверзна од аспект на женската сексуалност. Денеска и не може баш да изненади толку многу, зашто веќе е видено и слушнато се', за жал, но приказната е моќна и многу интересна, употребува многу интересен термин за чинот наречен секс за една ноќ, дури мислам дека е и нејзин изум фразава и многу забавна, а сепак психолошки длабока. Ерика Јонг ми е една од омилените писателки, ти ја препорачувам и Во постела со демонот, за мене лично уште подобра. Ретко како Јонг кој има толку Spoiler муда да се "соблече" пред читателот.