Јулија е прекрасна, јас од кога ја прочитав си ја додадов на списокот на омилени книги. иако е пообемна ни една страна не е напишана без врска. А од Мирјам сите сум ги читала уште кога имав 15 години, не ми текнува баш на сите, ама интересни се, лесна литература за пасење на мозок
Јас ја имам прочитано цела колекција на Мир-Јам и мислам дека нема ни една книга он нив шо е неквалитетна. Барем јас лично сакам такви љубовни книги и посебно ме бендисва дека е опишано времето на случвање во книгите, и се некако понаивни и повозвишени чувствата од сега. Овие книги многу ми помогнаа да прераснам во поинаква личност. Од ко ги прочитав сите по ред имаја големо влијание на мене
Да! Одлична книга, ако те интересира тој жанр. Ја прочитав 3 пати, и секој пат со иста изненаденост и возбуденост.
Девојки дали некоја од вас ја има прочитано Крокодилски солзи,сакам да ја купам па ме интересира каква содржина има
Исто и јас Значи кога ја читам Мир Јам како таму да се наоѓам и неможам да ја оставам книгата, толку се лесни и убави за читање најмногу ми се допаднаа Непобедиво срце и То је било једне ночи на Јадрану Ми останаа уште Девојка са зеленим очима и Дама у плавом (ама тие биле кратки раскази, на српски ги читам јас ги нема кај нас во библиотека на македонски) поздрав
http://www.delfi.rs/ka1un1036/delfi_knj ... frana.html Ја прочитал некој, и ја има ли кај нас на македонски? Вака ми делува примамливо..
Не сум ги прочитала ни двете книги, ама првата е чик лит и ми имаат кажано дека била ептен интересна. Па кога ќе присоберам пари треба да ја купам. И други од сакам книги имам на листата. А Сефора за оваа книга имам слушнато, ама не ми има паднато во раце, па и јас би сакала да знам каде може да се најде. Според описот треба да се прочита.
Незнам дали постов ми е на место или не , но сепак може Феминки да ми помогнете Дали некој има или познава линк каде може да ги има книгите на Игор Џамбазов за читање.... сакам да ги прочитам и да видам што се има кажано пошто го гледав интервјуто на А1 кое го имаше во 1 на 1 ао Жарко, и мнн ме заинтригира... па ако има некој нешто пратет те ми макар и во ЛП
Spoiler http://www.sakamknigi.mk/index.php?option=com_k2&view=item&id=402:%D1%81%D1%82%D0%BE-%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B8-%D1%81%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D1%82%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B3%D0%B0%D0%B1%D1%80%D0%B8%D0%B5%D0%BB-%D0%B3%D0%B0%D1%80%D1%81%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BC%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%B5%D1%81&Itemid=113 еве ти содржина...прочитај ја...одлична е
The Importance of Being Earnest Треба да ја прочитам до утре, меѓутоа ако не ја најдам да знам што се случува. Сепак на англиски ќе ја обработуваме, не на час по македонски.
Мене искрено не ми се допадна воопшто..незнам како некои книги ги сметаат за класици а тешко сра*е се
Малце ТИН бестселер, ама дефинитивно никогаш нема да ми згаснат импресиите од таа книга. Ние- Децата од ЗОО станицата! Ми деце са станице Зоо : нема превод на македонски, но ја има кај нас и српската верзија на кирилица. Инаку книга куцана по магнетофонски записи на 15 годишна тинејџерка, жртва на хероинот, во Берлин!