Цвеќињата на злото* Претпоставувам дека ти е за во школо. Прочитај ја. Но, незнам дали ќе разбереш за што тој пишува, зашто во неговата поезија владее симболизмот и сплинот.
Интересна е, ама не е нешто посебно впечатлива, ми текнува дека Келер се викаше убиецот, нешто крими беше, ама ништо друго не ми текнува
Денеска ја зедов книгата ....не сум баш мераклија на вакви книги.....Почнав да ја читам.И да, Келер се вика
Во корчагин да не учиш?? мене класната ми ја имаше дадено истава книга да ја читаме, за оцена! Интересна е, не е многу голема, брзо ќе ја прочиташ! Мислам дека ја имам дома Пиши ми лп ако не ја најдеш, или не си ја нашла!
Апсолутно не се согласувам со коментарот. Книгата е блескава, ама очигледно магичниот реализам не допира до секого смајли што крева раменици. Хауевр, моја препорака е да ја прочиташ и пресудиш самата. И уште една препорака најголемиот дел од класиците не се џабе класифицирани како класици, . Инаку „100 години самотија„ е поавтентичен превод на ова дело на Маркес, ама последно време ништо веќе не ме чуди, ги осквернавија сите дела со нелектурирани изданија, кошмарно лоши преводи, структурално одвратни реченици, сленгови (каде што апсолутно нема потреба од тоа) и што ти не.
Интересна е книгата, не е нешто посебно, ама онака добра е. Инаку е вистинска приказна, исповед на авторката за времето кога дење е професорка, а навечер деловна придружба.
Албер Ками. Каролин кажала се’. И мене ми се допаѓа, ја прочитав летово, сега пак ја читам за во понеделник ми е. Албер Ками е прекрасен автор.
И мене ми е за во понеделник,а неможам да ја најдам никаде,да не знаете нешто линк на нет да читнам накратко?
Барај на sakamknigi.mk-француски класици.Има многу убава статија за книгата Странецот,ама ти препорачувам да ја прочиташ многу е мала.
Дали некој ја има читано Страници за нашата љубов-Николас Спаркс Ја зедов пред една недела и никако да се наканам да ја почнам
Да...убава книга со убави мисли за една веќе остарена љубов...нема да те тресне од земја ,но јас уживав кога ја читав... :up: