"Ова е љубовна приказна која се создава еднаш на 10 години, а погодува 10 од 10 луѓе кои ја прочитале. Страници за нашата љубов е приказна за љубовта која не знае за години, за препреки, за болести...Ова е приказна која ни покажува каква треба да биде вистинската љубов, која ни покажува до каде оди оној кој вистински љуби!"
Четворица странци се среќаваат на еден покрив за Нова Година со иста цел, а таа е да си го одземат животот. Интересна е, ликовите се добро изградени, вреди да се прочита. А сега прочитав и дека Џони Деп ги откупил авторските права и се подготвува сценарио за филм.
Ги има ли некој прочитано овие книги? -Сестра Кери -Галерија на жени -Американска трагедија прв и втор дел од Theodore Dreiser се сите.
Не е нешто посебно. Чик-литература, само што и од таквите книги има доста интересни за релаксација. Оваа ни за тоа не ја бива.
Книга која ме воодушеви. Се работи за девојка која после бродолом ќе биде спасена и одведена во харемот на турскиот султан. За се што ќе преживее таму и нејзините обиди да замине од таму,доживуваат кулминација кога нејзиниот вереник ќе дознае дека е жива и затворена во ѕидините на султанот во кој тешко може да се влезе... Се надевам дека ќе ти се допадне
И јас денес почнав да ја читам уште сум на почеток и неккао не сум многу воодушевена ама ајде има време не губам надеж
Еве ти неколку осврти на форумџиките што ги имаат прочитано книгиве: * knigi/p-s-te-sakam-sesilija-ahern-t5418/ * knigi/devojkata-so-biserna-obetka-trejsi-sevalie-t5688/
За Девојката со портокали се работи за вкус. Лично мене неми се допадна, ја оставив до половина не ја ни дочитав. Татко раскажува на син за некоја девојка со портокали која ја сретнал на пазар, и му остава впечаток. А ПС.те сакам е љубовен роман. Според книгата имаш и филм, P.S I love you се вика. Чик литература. Ако обожаваш, поготово љубовни романи прочитај ја .
ја имам читано. Модниот универзитет ја научува Кејти се што треба да знае: како да пуши цигари и да пие, како да флертува со геј мажи и стрејт жени, како да влегува во клубови без да плати билет... Надарена со остро око и со уште поостар јазик, Кејти со својата убедлива приказна добива работа од соништата.
Иднина - дијагностика на кармата - С. Н. Лазарев? Ја разгледав во Веро, ми привлече некако внимание, ако е некој по псхихолошки книги и ја има прочитано или слушнато за неа, би го замолила да даде коментар
Пс те сакам ја немам читано. Девојката со портокали ми се допадна. Нешто како врската помеѓу смислата на животот и пронаоѓањето на вистинска љубов-јас така ја доживеав. Ако сакаш филозофски содржини и ако ја имаш читано Светот на Софија од истиот автор (Јустејн Гордер) и ти се допаднала најверојатно и оваа ќе ти се допадне. Девојката со портокали бев воодушевена откако ја прочитав но не би ја препорачала. Лесно ја заборавив. Приказна за невозможна љубов. Како и да е, ако си љубител на уметноста и оваа ќе ти се допадне.