^ ооо да, најголемо да! Многу ќе ти се допадне и баш штета што ова и е единствен роман! И порано ви ја имам препорачано Силвија Плат
Дајен Чемберлејн-Исповед на една акушерка? Гледам неделава е 290 на попуст во Матица. Загубената ќерка од истата авторка беше прекрасна, па затоа и оваа сакам да ја купам.
Девојката со бисерната обетка дорба е лесна за читање на мене ми се допадан но не ме воодушеви од истата авторка Девствено сино е многу многу подобра ПС те сакам на би ти ја препорачала едноставно не ми се допадна боза .Љубовна приказана
Виножитке баш таа книга ја имаше и на саемот. Не сум ја читала но продавачката беше љубезна и за сите книги ни кажуваше која каква е. За оваа ни рече дека била нова мислам, и била многу убава. Ни ја препорача да ја читаме.
^Процес - Франц Кафка Koга ја почнав книгата, првите две-три страници, имав впечаток дека тоа ќе биде многу досадна, неразбирлива и тешка книга. Потоа наидов на коментари дека е доста тешка книга, но бидејќи ни беше за школо решив да ја прочитам и книгата е токму спротивното од горенаведеното. Ќе ти биде убава ако се задлабочиш во неа, ако видиш што всушност авторот сака да ни каже, а ако ја прочиташ онака површно колку само да ти биде прочитана нема да ти се допадне.
Совршенство, оваа книга е трилогија и ја има во повеќе делови со различни наслови. Е сега незнам Девојката со тетоважа на змеј кој дел е, но ако сакаш да ја прочиташ треба и другите делови да ти бидат прочитани. Инаку кнгата е интересна .
Вреди да се чита. Убав стил, разработени ликови, заплет, тензија, тешко се остава кога ќе почнеш да ја читаш. Но еден дел создава ептен горчливо и мачно чувство, гадење... не морал до долку. Читај...
Знам трилогија е првиот дел е: Девојката со тетоважа на змеј вториот дел е: Девојката што си играше со огин третиот дел е: Девојката што го урна осилото Подолго време ги гледав во библотеката и конечно се решив да почнам да ги читам.
Не се прашува за таа книга. Цела трилогија ми е омилена, препекав додеа не ја собрав, обавезно да ја читаш.
Само што ја прочитав втората книга од оваа трилогија, ''Девојката што си играше со оган'', откако предходно ја прочитав и ''Девојката со тетоважа на змеј'' и можам да кажам дека премногу ми се допаднаа. Се читаат во еден здив. Едвај чекам да си ја купам и третата книга и да почнам да ја читам.
Ако сеуште ја немаш купено книгата ти препорачувам да ја купиш и верувам дека нема да зажалиш! Тукушто ја дочитав, прекрасна книга, неизвесност, пресврти, расплет... мене ме воодушеви!
Сите три книги ги има на http://www.baneprevoz.com http://www.baneprevoz.com/trazi.php?cx= ... njige%252F
Исклучи го компјутерот под хитно и зимај книгата во рака Мене ме воодушеви стилот на Мисо. Книгата е стварно супер.
^Јас за авторов сум слушнала крајно позитивни и крајно негативни критики. Ама досега не сум прочитала нешто од него од причина што не сум ни нашла, а ба би сакала да прочитам, да видам мене како ќе ми се допадне. Дали има нешто во библиотека? Јас досега не сум сретнала воопшто. АКо не кај може да се најдат? И кои други дела ги има од него? И ме интересира за А потоа некој коментар, а може и кратка содржина.