ја прочитав книгата за два саати мила и ме воодушеви но и ме тресна така добро од земја,не очекував таков пресврт дајте некоја друга книга од авторов ми се допаѓа неговиот стил?
Што би правел јас без тебе ...така е насловот на 3-тата. Ја имам читано А потоа, ми се допаѓа. Препорачана е и од другите феминки Другите две ги имам...ама не им дошол денот. Ги има виножитке сите 4 книги во супертинекс, по 199 ден. Веројатно ги има и во Матица...
затоа што те љубам.. уште поубава од А ПОТОА околку 5 6 книги се преведени на македонски ги имаш во топер книжарница и тоа релативно ниска цена јас се воодушевив од авторов
Мисо е прекрасен писател кој има прекрасен начин на пишување.Било која книга од овој автор не е залудно прочитана.Секоја си има своја убавина и неверојатна приказна. Што би правел јас без тебе и Затоа што те љубам се преубави,како и Дали ме чекаш. Книгите не се скапи 199 ден.и ги има скоро во сите книжари.
Девојки, ке ми кажете некоја книга во врска со фамилијата Романови од русија .. или некој друг извор можеби на интернет нешто.во последно време особено ме заинтересира ова
На интернет имаш многу податоци за оваа фамилија, не би ти пратила линк затоа што се едноставно премногу Затоа би ти препорачала книга со која дефинитивно поубаво ќе го поминеш времето отколку пред монитор Се вика „Пророштвото на Романови“. Искрено ја немам прочитано лично туку моја другарка ја има ми ја раскажа речиси до детали. Го следи животот на фамилијата Романови и нивната „поврзаност“ со Распутин.. Да не должам многу книгата можеш да ја најдеш во издание на Матица а и во локалните библиотеки, па ако не можеш и да си ја симнеш од нет, не сум побарала меѓутоа мора да ја има на англиско или српско издание Spoiler
земајќи во предвид дека станува збор за стив бери книгата мора да е лудило бар сите кој ги сакаат неговите дела само толку можам да ти помогнам
Да и не ме воодушеви. Очекував многу поинтересна приказна, а добив можам да речам глупост. Ако сакаш земи си ја од библиотека и отепај два саати читајќи ја. Не губиш ништо освен време. За купување... Не вреди.
Оф оф ама книгиче си купив сега за 120 денари некоја опасна еротика изглеа а продавачов упорно ме убедува дека била многу добра, филмувана, а јас ни филмот не сум го гледала срам да ми е Ја читал некој Љубовникот на леди Четерли од Д.Х.Лоренс? Ако е добра да ги оставам останатите три кои ми беа во план за читање сега. Еве филмот каков е http://filmovi.com.mk/content/view/1806/57/
Ја има некој прочитано Шминкерка? Сакам да си ја земам али па ако е досадно да не ја купувам за џабе. И препорачајте ми некои интересни тинејџерски книги многу ми се чита
И мене ми се допадна Шминкерка, интересна е за таков жанр и има навистина добар хумор. Од истата авторка ја има преведено кај нас и Фактор Бивши, ама првава е подобра. Онака, за опуштање и релаксација е супер.