Тајниот живот на една Купохоличарка! Навистина ја обожавам книгата. Има четири продолженија а јас ги прочитав првите две -Тајниот свет на една Купохоличарка и Купохоличарката се мажи. Книгава е како направена за мене! Ако некој го гледал филмот Confessions of a Shopaholic ке знае дека книгата е стварно закон! Филмот е малце поразличен од книгата, но јас ги обожавам и двете верзии. Ахх Лук Брендонн
Дали некој ги има читано овие книги:Гневот на ангелите и послем темнината од Сидни Шелдон,во план сум да ги земам ама некој ми велат дека се убави ,а некој ми велат дека не се интересни,ако можи во 3 реда што се работи во некоја од книгиве(за оние кои ги имаат читано).Инаку сум зела книга од Сидне Шелдон и тоа СЕ ПЛАШИШ ЛИ ОД ТЕМНИНА и многу ми се бендиса....
Гневот на ангелите е многу убава книга, мене ептен ми се допадна Spoiler Станува збот за животот на една многу успешна адвокатка, за нејзините љубовни афери, за сплетките со мафијата и трагичната смрт на нејзиниот вонбрачен син
^ Книгата е фантастична... ако си љубител на книги со изгубени богатства, симболи, масони и сл. нема да можеш да престанеш да читаш.. се чита во еден здив.. купи ја нема да зажалиш
Мене книгата ми беше некако веќе видено. Стилот на Ден Браун е тој, па ја немав возбудата од претходните книги. Ама како и да е, ако сакаш вакви книги би требало да ти се допадне.
Гневот на ангелите ти е супер книга...а ти ја препорачувам Господар на играта од Шелдон...јас туку што ја прочитав по втор пат, прекрасна книга...
Дали ја прочита Мандолината на капетан Корели, добра ли е, два пати ја почнувам, срамота , никако да седнам да ја прочитам.
Дали некој го има прочитано романот „Омраза - длабоко“ на Драгица Најческа? И ако може ваше мислење за истиот.
Препреубава е книгата, обавезно да ја читаш, длабоко потресна приказна, јас ја читав во основно можеби, ама уште ја памтам, толку длабок впечаток ми има оставено.