Што мислите за книгата? Немам појма за што се раскажува, ниту каква, но случајно налетав на неа во книжарница, па, знаете насловот ми звучи некако интересен.. Што мислите?
BeYourself прочитај на 1ва страна има коментари за Го сакам Њујорк, и мене ме изгледаше интересна според насловот и корицата, па си прашав дали ја има некој читано
^^ Јас ја имам прочитано,ама не ми остави никаков впечаток,ама тоа си зависи нели од вкусовите Книгава е типичен чик-лит без многу имагинација,нешто како sex and the city ама ако ти е за пасење на мозокот добро ќе ти дојде.
7 дена за вечност ја имам читано, ама онака ми беше, ништо посебно... Интересна е, ама не остава некој длабок впечаток
7 Дена за вечност е евтино и лито четиво.Мене ми беше мачно да ја дочитам,а чисто ја зачитав затоа што беше подарок книга со една друга што ја земав и ај...Може вкус во прашање е... А онаа втората,претпоставувам дека е некоја бајата,инстант психологија,исто така лошо.
И јас сакав да побарам коментар за 7 дена за вечност и ви верувам на критиките погоре, затоа што од истиот автор ја имам Моите пријатели, моите љубови од Марк Леви значи, и тоа е буквално едно од најлошите четива кои ги имам прочитано во мојов живот. После некој ме убедуваше - ама види , зависи и од преводот. Точно, не велам дека преводот не може делумно да ја унакази книгата, ама ова е бре ужас, 200 и кусур страници со прости реченици. Слаба идеја и уште полоша реализација. Не ми се верува дека некој таков е публикуван автор.
Точно дека е голема во обем книгата и се опишуваат некои непотребни детали, но во секој случај сторијата е реално прикажана и убаво осмислена. Мене ми беше интересна за читање.
Прашања и одговори, според неа е снимен филмот ,Слам дог милионер.За детето од сиромашните индиски слоеви што ќе победи на квиз.На Дени Бојл е филмот.
"Надежна сопруга" - Роберт Гулрик Ја има некој читано? Слушнав позитивни критики за книгава, мислам дека е издаваштво на Матица... И ме интересира за Тестамент од Дејвид Морел.
Здраво , може ли некој да ми помогне за книгата "Крајпатни знаци" - Иво Андриќ , никаде не можам да ја најдам потребна ми е било каква информација . Фала однапред
Дали ја имате читано книгата Нов бесплатен чоколаден секс? Ја купив пред 3 години и така ми стои,ми се видоја првите страници досадни и ја оставив? Впечатоци?
Горде јас ја почнав, ама некако се зафатив со друго и не ја завршив па ја вратив. Мислам дека тебе би ти се допаднала. Финтава со типов (Мегре) е што си има сопствена филозофија за животот и истата си ја пласира преку книги (добра стратегија - преку романи добива истомисленици). Има цела серија на книги (со име Ѕвонливите кедри на Русија, а Анастасија е една од нив). Филозофијата е еден вид еколошка теорија, дека Земјата веќе ни дала се’ што ни е потребно, и нема потреба да ја уништуваме со вештачки творби. Мегре дури има и свои следбеници (заборавив како се викаше друштвото)... Најдов - Back to the land Movement Анастасија центри има низ целиот свет. Интересна е за читање. Не е нешто ново, некое ново откритие што остава со отворена уста, но сепак е интересно понекогаш да се прочитаат различни идеи и размислувања (само не да им се пристапи со целосно отворен ум па да се верува во се’ што ќе се прочита). Би ја дочитала некогаш ако немам при рака подобра книга.
Ти благодарам на одговорот да ти кажам ме заинтересира книгава,филозофска,читам такви книги,па затоа и понекогаш си филозофирам интересно.Точно така како што кажа, добро е да се прочитаат информативно за да се види начинот на размислување,а не толку колку за верување дека тоа што е напишано е така.Јас имав и приметено една книга нешто во врска со Ватикан, во книжарата Египетска сонувалка,после тоа пак ја барав и не ја најдов изгледа беше продадена.
Ја има ли некој прочитано Цинк ?? И коментарчиња ... И да...имате ли читано нешто од Гоце Смилевски, и како ви се допаднало ?