Сеуште сум на почетокот, но книгата ветува. Психолошка и единствена книга на Силвија Плат. Ако го сакаш тој жанр, верувај дека ќе ти се допадне.
„Проклета авлија“ од Иво Андиќ? Ја имам дома, почнав уште летото да ја читам, стигнав до 30та страна но некако ми е досадна. Ваши мислења .. ? Едит: И „Капетанот Торнадо“ од Миливој Матошец? Се сомневам дека некој ја има прочитано, со оглед на тоа што изданиево што го имам е од 1996. Има околу 20тина раскази, но незнам дали се некако поврзани.
Девојката со зелените очи и Дамата со камелии, ги земав и двете во исто време и се мислам која прво да ја читам ги имате ли некоја од овие прочитано добри ли се?
Многу добра книга, мене ептен ми се допадна. Ме држеа впечатоците неколку дена. Иако е меланхолично - емотивна книга, сепак е богато наративна. Силвија Плат има убав стил на изразување што дополнително го прави овој роман вреден за читање. Книгата е еден вид автобиографија, и тоа поаѓа од претпоставката дека истата година кога е публикуван романот, 1963, Силвија Плат извршува самоубиство па затоа нема сомнеж дека чувството на отуѓеност и неприлагодување со околината е својствена за нејзината личност. И навистина, и од перспективата на главната хероина во романот светот изгледа како привидно функционелен и добро организиран, ама сепак во својата суштина е еден вид лудило кој се базира на лажни вредности и во кој истенчениот сензибилитет не наоѓа посилна причина за да преживее. Затоа, главната хероина има оправдување во себеси, но не и разбирање кај другите, да пред хаотичната стварност побегне во психичка "болест" и тишина, затворена во себеси и кревка како во стаклено ѕвоно.
Повторно јас .. Дали некој ја има читано „Парада на марионетките“ од Евгениј Хоуп? И ако може кратка содржина, колку да знам за што се работи.
Дали некој ја има читано „Гребенот на слепиот„ од Феј (незнам како беше). Татко ми ја има земене, но некако скептична сум околу тоа дали да земам да ја читам или да одам да си барам нешто друго во библиотека??
Јас ја земав лани за на одмор и мене ми беше ужасна, стварно ужасна. Приказната се врти околу една девојка од Русија која ќе се сретне со еден младич еднаш, но лудо ќе се заљуби па после цело време као ќе го бара, па ќе се најдат, па него ќе го бркаат платени убијци па бла бла бла, стварно ужасна книга. Најодговорно тврдам дека во мојот пубертет имам напишано посодржајни, поквалитетни, литературни дела од оваа книга. Искрено не ја препорачувам ама баш никому!
A ja има ли некој читано „Идиот“ од Достоевски или Толстој не знам точно од кој е. Ако некој ја има прочитано, впечатоци?
Една другарка ми ја препорача „Не си тој што го посакувам“. Всушност девојчето ретко чита и кога нешто ќе прочита книгата ја фали до бесвест. Вие сте ми посигурни! Ја има некој читано? Вреди да трошам време за неа?
Ја имам читано многу одамна, и не можам да ти кажам за што точно стануваше збор ама знам дека ја читав заинтересирано и до крај. Колку што се сеќавам, приказната беше за повеќе фамилии. Фала ти што ме потсети, ќе ја побарам и ќе ја прочитам пак, оти од последното читање поминаа 10 години или повеќе. Ама да знаеш дека има и филм со истиот наслов во кој главната улога ја толкува Џемс Дин.
Јас и омилена ми е! Стајнбек ја разработува библиската приказна за браќата Каин и Авел, пишува за чудовиштата, кои се претвараат во луѓе, не буквално де За семејството на мудриот Семјуел. Прекрасна е и ќе уживаш додека ја читаш. Типот е нобеловец и има прекрасен стил на раскажување. Да имав повеќе време, ќе ти напишев нешто повеќе за неа
Опасно блиску - Линвуд Баркли и Јас сум гласникот - Маркус Зусак и Нему едноставно не си му важна - Грег Берент и Лиз Тучило Сакам да ги земам книгиве од Матица, но не знам дали вредат или не? Впечатоци...? Anyone?