13 Проблеми - Агата Кристи ? Не сум голем љубител на вакви крими-трилери, во средно многу ги читав и ми станаа досадни . Ама сега само оваа ми се наоѓа низ дома, стигнав до 30та страна и ептен некако ми е без врска ..
Книгата е на Достоевски... Една од моите омилени! Јас го обожавам! Ти ја препорачувам... Али и те предупредувам дека неможеш на книга од Достоевски да го пуштиш умот на пасење... Ако целиш кон тоа подобро не ја ни земај позџ
Рајот може да почека-Кели Тејлор Интересна е?Љубител сум на чик литература,па сакав да си ја купам.Ама да не е за џабе?
Мене ми беше преубава. Не ми е некоја класична книга, туку ликовите раскажуваат приказни со мистерии и другите откриваат што како. Вреди да се прочита.
И мене ми се допадна. Добра ми беше за тепање време. А ако си љубител на чик лит за неколку часа ќе ја прочиташ, нема да ја пуштиш од рака.
Ја земав од една другарка, само што јас ја читав на српски, ама морам да потенцирам дека книгата е навистина прекрасна, дури на моменти и плачев кој не ја прочитал а може да дојде до неа задолжително да ја чита се работи за девојка која потекнува од богато семејство, ги губи и двата родитела и потоа останува сиромажна па живее со....не откривам прочитате и нема да згрешите! Ааууууу добро се изнабарав за да не се повторувам, си прелистав фино лепо 62 страници за да прашам, и ве молам за одговор, „Последниот чај“ од Винка Саздова, импресии....почнав нешто да читам пред некој месец ама се префрлив на други имам прочитано 30 страни....и не ми го задржа вниманието, да се вратам????
Фала душо. Јас уште од летото, ја купив во Просветно дело. Некој тука на фемина ми кажа дека таму ја имало, и ја прочитав
Дали некој ја има прочитано „Црвениот Хипокрит“ од Божин Павловски??? Таа ми е следна за читање....па ме интересира вашето мислење. Позззззззз
Куклите на Росица од Оливера Николова? Ја имам дома, но пред да ја читам прво сакам да чујам нечие друго мислење, дали е убава и дали вреди да ја почнувам.
„Разбој“ на Владо Малески? За утре ми е случајно некој да не ја има кратко раскажана на компјутер, или некаде по интернетов?
Дали некој ја има читано Дајен Чемберлејн-Исповед на една акушерка??? Со огледн на тоа дека од Дајен Чемберлејн ја имам читано загубената ќерка да очекувам добра книга како таа или пак ќе се разочарам?
Jaс вчера ја прочитав, имам пишано во Последна прочитана книга. За неколку саати ја прочитав, па види дали била добра. Обавезно да ја прочиташ, позаплеткана е и од Загубената ќерка.