Симнување на книги од интернет Дали некој ја има прочитано книгата на Петре М. Андреевски - Небеска Темјановна, ако ја има нека прати кратка содржина и некои цитати,итно е.
Дали некој ја има читано книгата „Нему едноставно не си му важна“ од Грег Берент и Луз Тучило? И ме интересира дали е забавна за читање и дали ја препорачувате?
Дали ја имате читано Читачот на Бернард Шлинк? Читав некои статии за неа .. па си мислам, да не е премногу експлицитна за моја возраст? Би сакала мислење на некоја феминка, да знам дали да ја почнувам.
Се работи за граѓанската војна во Грција.За борбата на Небеска ,нејзиното интимно размислување,љубовта која ја чувствува и во тој воен неспокој.Нејзината голгота низ логорите во Русија,враќањето назад и барање на свое место под сонцето.Прекрасна книга.
Читачот, интересна е, брзо се чита ама незнам колку ќе е за твоја твоја возраст. Читај ја па самата ќе увидиш
Серијалот од Бека Фицпатрик Молчи, молчи? Ме интересира да не е предетинест. И дали некој има нешто читано од Тес Геритсен? Слушнав дека имала добри трилери.
Па Молчи, молчи е интересна, ликовите се убаво осмислени, непредвидлива, ама сепак тинајџерска.Мада според мене онака просечна, ни нешто ептен убаво, ама не е ни лоша.
Молчи, молчи интересна е, но не е ништо посебна на некој моменти ми беше и досадна. Spoiler Многу е слична со Самрак и можеби баш и заради тоа не ми беше многу интересна само овде наместо вампир се зборува за пднат анѓел
Девојки, некоја од вас ја има ли читано „Девојката со бисерните обетки„? Ја имам дома веќе месец дена и до 50 страна сум, многу досадна ми изгледа па да знам дали уопште да се мачам да ја читам?
^Класика.Мене ми беше одлична.Погледни го филмот ќе видиш дека не е досадна, мада филмот е ништо во споредба со книгата.
Ја читав, интересна е. Ја препорачувам. Посебно мене ми беше интересна оти сум била во вакво село со забегани селани па со нивна слика си ја замислував книгата.
Според мене Девојката со бисерна обетка е префалена книга, мнене не ме воодушеви. Не е ништо посебно дури и на моменти досадна