Јас ја имам читано и според тоа што е назад ме привлече а книгата..... книгата е интересна само тој главниот лик е малку мутав па се некако бавно се некако ...шо знам од 1 до 10 според мене 7 некаде ама беше интересничка не ти велам да не ја читаш....
Преубава книга, секако ќе ти се допадне. Мене ми беше како подобра верзија на Рингишпил. Ама далеку подобра.
Дали некој ја има читано книгата "Љубовта ме води" - Федерика Боско ја добив на подарок и ако е интересна да ја прочитам
Јас ја прочитав пред некој месец. Имам поделено мислење за книгава. Деловите каде што Нина раскажува за својот живот со душа ги чекав, но главите каде што Григори ја решава мистеријата ми беа доста мачни за читање, досадни. Можеби имав преголеми очекувања за книгава, но не ме воодушеви кој знае колку. Ја немам прочитано книгава, бидејќи во принцип не читам чик литература, но имам слушнато доста позитивни критики за неа. Велат дека вреди да се прочита. И за крај, да си прашам јас Дали некоја ја има читано Куќата на Ривертон од Кејт Мортон?! Се канам со недели да ја земам од библиотека, ама ми се гледа големка, па ако не е интересна да не ја земам за џабе
Доста пати сакав да ја земам книгава да ја прочитам. Според тоа што имам читано за неа се работи за трилер и убедена сум дека е интересна. Иако ја немам прочитано, ја препорачувам. Од Бека Фицпатрик ја прочитав само првата книга. Океј е, не е нешто посебно, како за тинејџери.
Моментално ја читам „Идиот“ од Достоевски. Ако те интересираат темите што ги разработува овој безвременски автор, ја препорачувам. Па, се работи за едно од најголемите имиња во литературата!
Моментално ја читам Во името на предците од Тес Геритсен, интересна е и брзо се чита. Забавно трилерче.
Големиот Гетсби-Ф. Скот Фицџералд Тунел-Петре М. Андреевски Која би ми ја препорачале прва да ја почнам?
Ја читав пред едно 2-3 години но не ми го задржа вниманието па по неколку страни се откажав .Ако веќе читаш од Јустејн Гордер прочитај ја Светот на Софија - Роман за историјата на филозофијата . Нека не те плаши тоа што се работи за филозофија ептен ќе ти се допадне . Софија еден ден добива порака :Која си ти ? и тогаш започува немирот на малото девојче. Возбудлива мистерија што ги истражува филозофските концепти на западната мисла и се чита во еден здив. Co својот дваесет милионски тираж, „Cвeтoт на Софија“ со години ја распламтува детската фантазија на читателите ширум светот. Еден ден, четиринаесетгодишната Софија Амундсен се враќа од училиште и во поштенското сандаче наоѓа две писма со по едно прашање: Која си ти? и Од каде потеннува светот? Овие две прашања ја опседнуваат малата Софија и ја одведуваат далеку од идиличното норвешко секојдневие. Низ писмата на еден анонимен филозоф таа се вклучува во еден вид курс по историја на филозофијата, од Сократ па до Сартр. За да биде уште почудно, во поштенското сандаче наоѓа и писма адресирани до друго девојче. Која е Хилда? И зошто нејзината пошта пристигнува кај Софија? За да ја разреши оваа загатка, таа мора да го примени она што го научила - но вистината е многу покомплицирана одошто замислувала. „Чудесно е што Гордер успеал да смести 3000 години од човековата мисла во 500 страници, и на мошне возбудлив, a сепак едноставен начин да ја раскаже сета приказна за историјата на филозофијата." -Сандеј Тајмс Одлична книга , ќе ти го задржи вниманието ! Книга на необични и силни емоции, што проникнуваат во човечките срца и души и ја пренесуваат пораката дека, без оглед на сè што превземаме ние, нашето минато нема да престане да ја прогонува нашата иднина. Тажна, морбидна, но истовремено вистинита семејна драма базирана на погрешни избори и недостатокот на изгубеното чедо... Ја имам читано ,лектира за во средно е. http://makedonskijazikiliteratura.blogs ... st_23.html ..Интересна е !!!
Извонреден роман. Станува збор за љубовта меѓу гејшата Комако и Шимамура, овде е и Јоко. Прекрасно опишани планински предели, јапонскиот живот, обичаи, традиција, животот на гејшите. Нема да зажалиш ако ја прочиташ. Лектира за 3та година е.