Мене лично многу ми се допадна и е една од ретките книги на Пауло Коелјо што ми се допаднала .... Има многу убави цитати што ги имам забележано на лист хартија и до ден денес си ги читкам. Ако си по историјата ќе ти се допадне . Се работи за Елизабет Греј, сопругата на тогашниот англиски крал Едвард IV. Мене ми се допадна како и Илјада чудесни сонца .Бидејќи станува збор за војна ретко кој се одлучува да ги чита ама тоа е вистината за во Авганистан а колку вредат како дела покажува фактот што продуцентската куќа Стивен Спилберг ги откупила правата на двете книги за снимање на филмови.
Го сакам Њујорк Ако си љубител на лесна чик литература, ќе ти се допадне. Интересна е, брзо се чита, само јас не сум многу по овој тип на книги.
Заточеникот на небото од Карлос Руиз Зафон?? Веке подолго време ја барам, ама кога-тогаш ќе ми падне во раце.
Имате некоја книга (ebook-pdf) од David Baldacci???? Било која ..може и на англиски и на српски. И исто ако некој ја има Алхемичарот од Пауло може да ми ја прати )
Коментирање на книги Ја има ли некој читано Исповедта на една акушерка ?? Се запнав едно време да ја купам ама се премислив ... Чекам коментари и за Момчето во пижами на риги
^ Ја видов Исповедта на една акушерка на sakamknigi.mk и не знам така интересна се чинеше. Момчето во пижами на риги сега ја дочитав и е прекрасна книга.
Да не ја има некој/а прочитано „Доаѓам по тебе и те водам со себе“ од Николо Аманити? Ја прочитав „Последната Нова година“ од авторов и не ми се допадна, иако имаше доста позитивни критики за неа..
Мене книгата ми е една од омилените, а и Николо Аманити многу го сакам. Ама ако не ти се допаднала Последната Нова Година не знам и оваа колку ќе ти се допадне. Аманити или ти спаѓа во список на омилени автори, или не можеш да му го поднесеш стилот. Сепак, дај му уште една шанса.
Дали ја има некој читано Не си тој којшто го посакувам од Александра Потер? Денес ја земав да ја читам па ме интересира дали ја имате читано. Фала ви однапред
Книги - колку читате и што преферирате? И јас оваа лето се расчитав ептен. Повеќе сакам да читам книги со тажни содржини(не знам зошто), но и со интересни содржини. Инаку сакав да прашам дали некој ја читал "Вероника реши да умре" ? Една пријателка ми ја пофали па се двоумам дали сега таа да ја земам.
Дали ги има некој прочитано Последна летна ноќ и Предвечерна светилка, двете на Ерскин Колдвел? Стари книги се, ги имам дома и двете но не знам дали се добри, дали да ги почнам воопшто.
Ептен бев заинтригирана од книгава, па почнав да ја читам, ама се разочарав. Воопшто не успеа да ми го задржи вниманието. Си реков ај филмот ќе го ѕирнам, па ако ми се допадне ќе и дадам пак шанса на книгата, ама и тој беше тапа па не го ни догледав. ВЕРОНИКА РЕШИ ДА УМРЕ - ти препорачувам да ја прочиташ. Можеби на моменти ќе ти делува меланхолична, ама пораката што сака да ја пренесе Коелјо е она за што вреди да се издржи до крај
сега ја читам и јас некаде до 50 страница сум,ама ми се чини и мене досадна..човеков ептен изгубен и од досегашново прочитано два клучни момента во 30 и кусур страници опишани...ќе ја дочитам да не ја оставам недочитана,ама за сега и ене не ми се допадна....
Дали некој ја има прочитано книгата На прв поглед од Николас Спаркс? И ме интересира дали е некакво продолжение од Вистински верник ??