^ M.arija, јас ја имам читано. Книгата е многу убава. Ја завршив за два дена од толку многу што ми беше интересна. А и сите кои што ги познавам а се ја прочитале им се допаднала па верувам таков ќе биде случајот и со тебе. На крај и краева, која книга не е убава? Едит: Ако ти се допадне оваа, еве препорака од мене кои други можеш да ги земеш од Трејси Ш. Дамата и Еднорогот Пламен Сјај Девствено сино. (фаворит)
Да, еве уште еден потврден одговор. И мене ми се допадна. Колку што јас знам, ја нема на македонски. Инаку сигурна сум дека можеш да ја најдеш во книжарниците на српски или англиски.
Ја барав во библиотека пред 2 месеца,ми рекоа дека е релативно нова и којзнае дали и кога ќе ја добијат
Баш читав статија на сакам книги за вториот дел од трилогијата, ама најверојатно ја нема на мак. Интересно делува, еротика нешто ко што прочитав, баш ќе ја симнам.
Не мора да биде на македонски само дали негде ја има во нашите книжари... не сум ја приметила нигде до сега
Книгата е интересна и лесно разбирилива, само што англискиот јазик има поголем речник, но добро е преведено. Јас брзо ја прочитав и се смеев на глас. МОСТОТ НА ВОЗДИШКИТЕ...ахххх
Дали ја има некој читано Плажа од Алекс Гарланд? Впечатоци? Еден другар ми кажа дека била одлична книга
Јас ја имам читано книгата.Многу е интересна,а воедно и лесна за читање.Ја прочитав за 2 дена.Според неа има снимено и филм со Леонардо диКаприо.И тој е многу добар,но сепак книгата ми остави поголем впечаток.
Да се самоцитирам.Ја прочитав книгата и мислењето ми се промени.Океј е за разлика какво мислење имав на почетокот добро испадна.Не сум нешто посебно фасцинирана,само мило ми е што не сум разочарана. Мразам кога читам книги и гледам дека сум направила погрешен избор.
Дали некој има нешто прочитано од Вуди Ален? Сакам да ги земам Нешто, навистина нежно и Чиста анархија ама малку сум скептик за пишаниот збор на Вуди. Ме интересира мислење за да не се заебам.
Е има ли некој читано : Рајот може да почека-Кели Тејлор? И ако е има некој,може ли да ми е раскаже? Неможам да е најдам тука кај нас во библиотека,ниту пак да е најдам да е купам.
50 нијанси на сиво Во Топер веќе е излезено македонското издание. Иако е хит (особено меѓу жените на моја возраст), читам поделени критики, па не сум сигурна дали да ја купам. Некоја ваша критика, кратка рецензија.